ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Вицепремиерот Бесими се сретна со Францускиот државен секретар за европски прашања г. Дезир
13:33, среда, 02 септември 2015

Франција ја поддржува Македонија за спроведување на реформите коишто ќе и овозможат на земјата да излезе од политичката криза и да напредне на патот кон приклучување во ЕУ, но исто така се солидаризира со неа и во соочувањето со ургентноста која што ја наметнува мигрантската криза. Најважно при тоа е исполнување на договорот од 2 јуни и 15 јули.

Тоа е пораката која што денеска во Скопје ја пренесе државниот секретар за европски прашања во француското МНР Арлем Дезир на прес-конференцијата во Скопје по средбата со вицепремиерот Фатмир Бесими.
Тој нагласи дека треба да се има предвид големиот интерес, а тоа е единството и иднината на земјата кои се во прашање и укажа на одредените барања во однос на почитување на обврските кои политичките партии ги презедоа со договорот од јули.

Договорот од 15 јули којшто беше потпишан благодарение на извонредната работа на еврокомесарот Јоханес Хан може да отвори нова етапа во историјата на земјата. Но, за тоа треба да се спроведат сите обврски од политичките партии. Обврски кои се мошне јасни посебно за назначување специјален јавен обвинител којшто ќе биде независен во однос на аферата со прислушувањето назначен од страна на Собранието со усвојување на закон треба да се случи до 15 септември и треба тој рок и да се почитува, како и подготовката и организирањето на изборите на 24 април. Но, исто така и назначување транзициска влада до одржување на изборите е нешто што е од суштинско значење, како и продолжувањето на реформите и усвојувањето на приоритетните реформи како што постојано се бара во извештаите од Европската комисија и во извештајот на Прибе. Сите овие обврски треба да се почитуваат во точно утврдените рокови, тоа е најважно, порача Дезир.

Тој нагласи дека се очекува паралелно со ова, Владата да ги преземе сите неопходни мерки за да одговори на голем број недостатоци коишто беа констатирани посебно со прислушувањето, а кои се наведени во извештајот на Прибе, како и на бројните препораки коишто, вели, ќе гарантираат правна држава, почитување на фундаменталните слободи, поделба на различните власти во РМ, особено независност на судскиот систем.

За кризата со мигрантите Дезир потенцира дека како земја кандидат за влез во ЕУ, Македонија ќе треба да смета на поддршката, но и на солидарноста од своите европски партнери. Најави дека попладнево ќе го посети и граничниот премин Табановце во придружба на министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Во однос на кризата со мигранти ќе кажам дека Македонија и Србија денес се соочуваат со бран на мигранти којшто е без преседан во поновата историја, посебно по Втората светска војна. Иако регионот веќе се соочил со проблемите со миграциите, посебно во војните во деведесеттите години, но она што ние денес го нарекуваме „балкански пат“ е пат којшто е основен по којшто одат мигрантите, 47.000 од средината јуни и сите анализи покажуваат дека станува збор за феномен којшто ќе трае, феномен за којшто ние ќе треба да дадеме одговори и тоа трајни и да се координираме на европско ниво, рече Дезир.

Тој потсети дека ЕК објави хуманитарна ургентна помош од 1,5 милиони евра, и оцени дека ќе треба да се обединат сите европски финансиски инструменти кои се на располагање, посебно ИПА за да им се помогне на балканските земји за да ја зајакнат контролата на границата, но исто така и побрзо да ги идентификуваат мигрантите. Целта е да се направи разлика меѓу оние на кои им е потребна меѓународна помош, кои се политички бегалци и треба да бидат прифатени по тој статус, од оние кои треба да се вртат во своите матични земји во рамки на договорите за реадмисија.

Хуманоста и одговорноста треба заедно да одат во однос на третманот кон мигрантската криза. Тоа ќе биде една од целите на конференцијата за Балкан која што ќе се организира до крајот на годината, истакна францускиот дипломат.

Вицепремиерот Фатмир Бесими посочи дека денешната посета на францускиот висок дипломат е јасен сигнал за соработката и поддршката што постои меѓу Македонија и Франција. Тој истакна дека го информирал министерот Дезир за процесот на евроинтеграции, за Акцискиот план на реформи, за нивната динамика, како и за пристапниот дијалог на високо ниво кој треба да продолжи овој месец со посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на судот со која ги отфрли доказите за поведување истрага на Обвинителството околу случајот „Прислушување“ вицепремиерот Бесими рече дека во однос на договорот од 2 јуни јасно е што треба да се направи – имплементација на тоа што е договорено.

Во однос на тој договор и во однос на реформите што се очекуваат од РМ - целосна имплементација на препораките и целосна имплементација на договорот од 2 јуни, што значи дека на тој начин РМ би дала јасен сигнал дека е сериозна земја, заинтересирана за членство во ЕУ, рече Бесими.
Дезир го сподели мислењето дека треба да се почитуваат сите препораки и рокови за спроведување на договорот од јуни, и од јули.

Мислам дека е тоа најдобар начин да се справуваме со темите, навистина да се изгради доверба, да се свртиме кон иднината и да направиме се за да европскиот пат на Македонија повторно биде отпочнат, рече државниот секретар за европски прашања при француското МНР Дезир.

Како што истакна Дезир на истите теми тој ќе разговора што денеска ќе ги има и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, премерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, со претставници на политичките партии и со пратеници во Парламентот.
 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.