ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Остварена средба помеѓу Бесими со министрите Митов и Бушати
16:59, понеделник, 24 август 2015

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари работни средби со министерот за надворешни работи на Република Бугарија Н.Е. г. Даниел Митов, и со министерот за надворешни работи на Република Албанија Н.Е. г. Дитмир Бушати.

На средбите беше дискутиран развојот на билатералните односи преку потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување низ клучните теми поврзани со процесот на евро-атланска интеграција на Република Македонија и преку директна поддршка од овие две соседски пријателски земји.
На средбите беше констатирано дека билатералните односи се на високо ниво, но дека во овој важен период за Република Македонија, кога се бараат излезни патишта за актуелната политичка состојба, со поддршка на структурите и инструментите на ЕУ, Македонија ја очекува безрезервната и конкретна практична поддршка за нашите евро-атлански интеграции.

Покрај билатералната соработка, беше истакнато значењето и важноста од континуирано продолжување на регионалната соработка, потпомогната и со Берлинскиот процес, во насока на поголема меѓусебна поврзаност како и потребата од што поскоро исполнување на европските стандарди и членство на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија, што ќе придонесе кон подобра иднина, мир, стабилност, економски развој и напредок.

Беа разгледани и можностите за искористување на средства од Инвестициската рамка за земјите од Западен Балкан 2015 (WBIF 2015) за големи инфраструктурни проекти на земјите од Западен Балкан.

Истовремено, беа дискутирани и приоритетите на долг и среден рок опфатени во рамки на Западен Балкан (WB 6) , каде Коридорот 10 и Коридорот 8 се потенцираа како приоритетни и истите ќе бидат презентирани на Европската Комисија на претстојниот Самит во Виена, кој треба да се одржи оваа недела. Во таа насока, Македонија е во очекување на финализирање на конкретните одлуки, во рамки на состаноците на Виенскиот Самит и нивна што побрза реализација со поддршка од фондовите на Европската Унија и меѓународните финансиски инструменти.

Фокусирајќи се на статусот на клучните реформи во процесот, Вицепремиерот истакна дека европската интеграција била и ќе остане клучен стратешки приоритет на Република Македонија. Склучувањето на договорот за надминување на политичката состојба и предизвиците е доказ за свесноста и посветеноста на политичките лидери во земјата во евро-атланската перспектива.

Договорите потпишани од страна на главните политичките лидери даваат насоки за областите во кои треба да се фокусираме и временската рамка во која треба да се превземат конкретни активности. Тука спаѓаат и Листата на итни реформски приоритети и Извештајот на групата високи експерти за состојбите со следењето на комуникации. Документите претставуваат патоказ за работа на
македонските институции кои и покрај сериозните политички предизвици со кои се соочуваа во изминатиот период , прават максимални напори да останат фокусирани на реформскиот процес и во вакви услови да обезбедат исполнување на реформската агенда.

На состанокот беше дискутирaн и инстриментот ИПА, можностите за негово поефикасно искористување, ИПА програмите за прекугранична соработка со Бугарија и Албанија како и инструментите ТАЕКС и ТВИНИНГ со Бугарија.

На состанокот со министерот Митов беше дискутирана новата програма за прекугранична соработка со Бугарија, која се усвои на 5 август од страна на ЕК, за која се очекува да се распишат огласи. Програмата е во висина на 19 милиони евра средства (ЕУ Фондови и национално кофинансирање), наменети за двете страни во рамки на секторите животна средина, туризам и конкурентност.
Во рамки на ИПА 2007-2013 во тек на реализација се 79 проекти од истата програма.

На состанокот со Министерот Бушати беше дискутирана програмата за прекугранична соработка со Албанија, усвоена кон крајот на минатата година, во висина од 11.9 милиони евра средства (ЕУ Фондови и национално кофинансирање) наменети за двете страни во рамки на секторите туризам, конкурентност,и животна средина.
Во рамки на ИПА 2007-2013 во тек на реализација се околу 50 проекти од истата програма.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.