ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
И Могерини му порача на вицепремиерот Бесими да се почитува договорот од 2. јуни
13:10, четврток, 18 јуни 2015

 Брисел, 18 јуни 2015 (МИА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, исто како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, побара македонските политички лидери да го почитуваат договорот од 2-ри јуни за надминување на политичката криза во Македонија.

На денешната средба со потпретседателот на македонската Влада задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, првата дама на дипломатијата на ЕУ го повтори истото што му го соопшти Хан на вчерашна средба, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во изјава за МИА по средбата, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции истакна дека главни теми на неговиот утрински разговор со Могерини биле европските интеграции и политичката криза во Македонија и импликациите врз процесот на европска интеграција.

- Тоа што е важно и пораките што ги добив се слични како и на вчерашните средби. Тоа се барањата за политичкиот дијалог да продолжи и да се почитува постигнатиот договор од 2-ри јуни, со цел политичките партии да ги стават државните интереси над партиските интереси за да може да се реализираат реформите. Значи, политички дијалог, почитување на договорот постигнат на 2-ри јуни и реформите што се потребни за Република Македонија, односно ургентните приоритети за реформи за земјата за членство во Европската унија, посочи вицепремиерот Бесими.

Според него, во текот на идната недела, во Советот на ЕУ ќе има дискусии за Република Македонија и со голема загриженост Брисел ќе ја следи состојбата во нашата држава.

- Тие очекуваат политичките лидери да покажат политичка зрелост и подготвеност за изнаоѓање решенија за имплементација на тоа што е постигнато како договор во Скопје, додаде Бесими.

На прашањето дали Могерини, која идната недела ќе го води состанокот на Советот на ЕУ на кој ќе се усвојат заклучоци за Македонија, му соопштила што може да се очекува и дали ќе бидат негативни или позитивни, потпретседателот на Владата на Република Македонија со одговор: - Теми на разговор беа овие што ги кажав и тоа беа и главните пораки.

- Во оваа насока ќе биде и дискусијата на Советот на Унијата наредната недела. Таму, секако ќе дискутираат и министрите на земјите-членки на ЕУ и како ќе биде понатаму врз основа на дискусијата, тоа останува да се види наредната недела. Но, ќе повторам, главните пораки беа политички дијалог, реформи за Европска унија и ставање на државните над партиските интереси, дециден е Бесими.

За тоа дали со високата претставничка на Европската унија разговарал и за најавите дека идната недела, четворицата политички лидери (Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети) повторно е можно да дојдат на разговори во Брисел и овојпат, покрај комесарот Хан, на нив да им се приклучи и Могерини, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции посочи дека тоа не било тема на дискусија.

- Сега-засега се упатуваат пораки до политичките лидери да направат максимални напори за да го реактивираат политичкиот дијалог со цел да се имплементира тоа што се очекува од Република Македонија, посочи Бесими.

Во изјава на портпаролката на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Маја Коцијанчич, на денешната утринска средба со Могерини, македонскиот вицепремиер ја информирал високата претставничка на Унијата за актуелните случувања во земјата, „вклучително и на постојана политичка криза и напорите на лидерите на најголемите политички партии да бараат начин за договор кој ќе доведе до решение на кризата и да се помогне да се врати довербата во државата и нејзините институции”.

- Високата претставничка изрази јасно очекување на Европската унија дека интересот на земјата и нејзините граѓани ќе се стави над партиските интереси во овие тешки времиња. Не треба да се штедат напорите за да се најде траен политички компромис, изграден врз основа на договорот од 2-ри јуни 2015 година во Скопје. Таа, исто така, ја истакна потребата од земјата да продолжи со спроведувањето на реформите кои се од клучно значење за европската перспектива на земјата, истакна портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич. бн/12:09

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.