Говори
вторник, 05 мај 2015 13:59
Екселенции, поканети гости, драги пријатели,
Најпрвин би сакал да ви посакам добредојде и да ви се заблагодарам на сите што се придруживте на третиот традиционален „Појадок на ЕУ“!
Денес ја славиме шеесет и пет годишнината од Европското обединување, момент во поновата историја кој ги има променето на подобро животите на сите европјани, во мир и напредок, но сепак не треба да заборвиме дека беа потребни многу храброст и отвореност на лидерите на членките основачи за да го направат овој чекор...
Како што стои во Уставниот договор на ЕУ, „Унијата се заснова на вредностите за почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права...”.Европските вредностикои исто така се поврзани со традициите, убедувањата и верувањатана граѓаните на Македонија.Но треба да имаме предвид дека ништо во целокупната историја и во нашите кратки човечки животи не се одвива глатко и лесно или без соочување со индивидулни или колективни предизвици.Секој чекор е борба за вашите верувања, за вашата визија и за вашата иднина.
Веќе имаше неколкукризи и предизвици во Европа,ги гледаме и ги чувствуваме околу нас секој ден, но Европската унија излегуваше од тие кризи, посилна, поотпорна и пообединета од кога било. Еден од основоположниците на денешната Европска унија, Жан Моне, беше поттикнат во своите мемоари да предупреди дека „Европа ќе биде изградена низ кризи“ и ќе биде „збир на нивните решенија“.
Процесот на проширување кон Југоисточна Европа и Западен Балкан се одвива доста долг период и може да се оцени дека сѐ уште е во тек, процесот не треба да заврши и не може да се смета за целосно успешен. Се надевам дека ќе се согласите со еден од основачите на Европската унија, В. Черчил, кој рече „Не смееме да се стремиме кон ништо помалку од Унија на Европа како целина, и се радуваме однапред со верба на денот кога ќе се постигне Унијата.“
Според извештаите за напредок на Европската комисија, од 2009 година наваму, Република Македонијаги има исполнето критериумите за отпочнување на преговорите за членство. Фактот што официјалните преговори сѐ уште не се отпочнати не треба да ги обесхрабрува нашите стремежи, ниту пак треба да стане изговор за да не се спроведуваат потребните реформи. Нашата политички стратешка Евро-атлантска определба не смее да се промени. Иако има намалување на јавната поддршка, мнозинстото од народот (76 %, декември 2014 година) сѐ уште го поддржуваат нашето членство во ЕУ. Ове нѐ охрабрува и треба да биде наша обврска!
Драги пријатели,
Македонија постојано ја повторува својата заложба за влез во Европската унија. Ние сме свесни дека желбата и посветеноста не се доволни ако тие не се поткрепени со конкретни активности и испорака на резултати. Не криеме дека моменталната политичка ситуација има катастрофални последици за процесот на интеграција во ЕУ. Таа има повеќекратни последици за интеграцијата во ЕУ, меѓуетничките односи и економската перспектива на земјата. Тоа треба да се реши навреме, инклузивно и на одржлив начин. Со платформата ќе треба да се постават политички решенија, правни можности и одлуки, како и институционална поставеност како основа за мерките за градење на довербата со почитување на владеењето на правото, фундаменталните човекови права и начелата на отчетност, одговорност и транспарентност.
Поддршката од Европската унијаза надминување на овие предизвици е критична овие денови.Ја поздравуваме подадената рака преку олеснување на процесот од страна на ЕП за политички дијалог. Исто така, заклучоците на Советот од април 2015 година кои го потврдија интересот на ЕУ за нашата европска иднина, а кои обезбедија насоки за областите кои треба да бидат приоритет за земјата во овој период, особено во однос на политичките кризи.
Мое видување е дека овие политички тшки времиња ќе мора да поминат колку што е можно поскоро. Единствен избор за нас е да продолжиме со нашата ЕУ Агенда и целосно почитување на Евро-атлантските демократски вредности. Како што имам кажано многу пати, за мултиетничко општество како што е нашето, Евро- атлантската перспектива е единствената алтернатива која обединува!
Јасно е дека ние треба да останеме фокусирани на спроведување на реформите од ЕУ Агендата, за решавање на прашања во клучните области како што се политичкиот дијалог, слободата на изразување и човековите права, судството и борбата против корупција, меѓуетничките односи, јавната администрација, реформи за добрососедските односи и на тој начин да докажеме дека ние навистина веруваме дека Македонија припаѓа во ЕУ.
Драги пријатели,
Подготвени сме повторно да го активираме Пристапниот дијалог на високо ниво и да работиме понапорно на договорените цели со ЕК. Покрај тоа, се донесе Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА ревизија 2015 година), која е клучен стратешки документ за процесот на интеграција на земјата во ЕУ, а нејзиното спроведување се следи на квартална основа. Исто така, јасно ја одржуваме нашата посветеност за целосно исполнување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација.
Кога станува збор за ИПА фондовите, минатата година и во почетокот на оваа година, ние сме соочени со тешка задача - да се намалат потенцијалните ризици од недоволна заложба до крајот на 2014 година и да се воспостави цврста и одржлива основа за ИПА II (дополнителни 640 милиони евра од парите на даночните обврзници од ЕУ наменети за нас во текот на 2014-2020 година).
Во моментот, целата администрација работи на придонесите за следниот Извештај за напредок на Комисијата, во согласност со новата методологија за одредени области. Целта е да се обезбедат колку што е можно повеќе информации за реализираните активности, надевајќи се дека тоа ќе биде доволно да се задржи препораката на Европската комисија за отворање на преговорите за пристапување.
Започнавме со циклусот дебати ЕУ разговори со цел да се вклучат сите релевантниучесници и да разговараат на теми од важност за процесот на интеграција во ЕУ. (Првата дебата се одржа на 11 март 2015 година. Досега се одржаа 3 дебати, а уште две ќе се одржат во мај)
Во оваа сложена ситуација, исто така, морам да истакнам дека нам ни се потребни некои позитивни сигнали од земјите-членки на ЕУ и од Европската комисија. Еден аспект би било отворањето на патот за започнување со првиот чекор на пристапните преговори (спроведување на скрининг на најважните поглавја, 23, 24, 32 ...), или барем, во знак на добра воља, добивање на скрининг листи за сите поглавја. Друг аспект би било одржувањето на почести средби во рамки на телата на ССА и целосно учество на експерти на ЕК во секторскиот дијалог, согласно структурата на ССА, како и постојано вклучување на експерти од ЕК во ПДВН.
Морам да споменам дека веќе имаме видено, позитивни чекори за да се држи високо агендата за проширување на ЕУ во Западен Балкан меѓу земјите членки преку т.н. Берлински процес, како и преку регионалните иницијативи преземени од страна на Европската комисија, каде што може да ја споменеме неодамна усвоената Заедничка декларација (на ЕК и Премиерите на земјите на Западен Балкан) за поврзување, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција - работејќи заедно можеме да постигнеме повеќе!
Драги пријатели,
Претстојат многу предизвици за ЕУ и за нејзините земји-членки, како и за Република Македонија, но, исто така, постојат и многу решенија и многу начини за излез. Треба да работиме заедно, во партнерство, со помагање едни на други и градење на доверба еден во друг.
Процесот на интеграција и вкоренување на европските вредности во нашето општество е долг и напорен, но мандатот на еден политичар (кој било) е премногу краток. Луѓето доаѓат и одат, но тоа што останува се нивните идеи и дела! Целите кои треба да се постигнат со овој проект ќе ги сплотат луѓето, како што рекол Жан Моне: „Ние не формираме коалиции од држави, ние ги обединуваме луѓето“.
Ви благодарам ... и уште еднаш, нека ни е честит овогодинешниот Ден на Европа!