ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Презантација на Вицепремиерот Бесими во Собрание за статусот на НПАА (ревизија 2015)
14:34, четврток, 12 март 2015

Денеска во Собранието на Република Македонија, заменик претседателот на Владата задолжен за eвропски прашања, д-р Фатмир Бесими, пред членовите на Комисијата за европски прашања и претставниците на меѓународната заедница ја презентираше целта, структурата и содржината на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – НПАА ( ревизија 2015 ).

Вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на процесот на европската интеграција за Република Македонија нагласувајќи дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме во моментот, треба да останеме фокусирани на спроведување на реформите од европската агенда и со еднаква посветеност и одлучност да ги адресираме препораките содржани во Извештаите на ЕК.

Сега, повеќе од било кога, потребно е со конкретни активности да покажеме дека македонските институции имаат демократски капацитет да се справат со предизвиците и да останат фокусирани на она што е стратешка определба на сите општествени чинители,членството во ЕУ – истакна Бесими.

Воедно, Бесими информираше дека во периодот на подготовка на НПАА во Секретаријатот за европски прашања, со цел постигнување на поголема инклузивност и транспарентност во процесот на европската интеграција беа одржани повеќе средби со претставници на релевантни државни институции, граѓанскиот сектор, медиумите и бизнис заедницата, објавен беше и јавен повик до граѓанските организации за доставување на свои предлози за надминување на наодите од Извештајот, кои се проследија до работните групи.

Од предвидените 57 закони за 2014 година, усвоени беа 21 закони. Од предвидените 143 подзаконски акти за 2014 година донесени беа 76, додека 2 се во владина постапка, 9 се во меѓуресорска постапка, а 4 се во подготовка и ќе се следат преку НПАА ревизија 2015.

Клучни елементи при ревизијата на НПАА 2015 беа пресретнување на наодите од Извештајот на ЕК за 2014 година и Стратегијата за проширување 2014-2015 година, обезбедување на натамошно исполнување на приоритетните реформски цели, обезбедување на натамошна реализација на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и натамошно усогласување со европското законодавство.

Содржински и во Ревизијата на НПАА 2015 година опфатени се плановите за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, потребната динамика за јакнење на институциите за спроведување на законодавството, како и неопходните ресурси за реализација.
Со НПАА 2015, предвидени се околу 1007 активности, од кои 57 се закони кои се хармонизираат со 69 мерки на ЕУ и 91 се подзаконски акти кои се хармонизираат со 120 мерки на ЕУ.
Од аспект на човечки ресурси во планирањето, следењето и реализацијата на НПАА вклучени се 75 институции со околу 13 698 редовно вработени службеници.

За реализација на активностите од НПАА за 2015 година, алоцирани се околу 727 милиони евра, распределени за административна поддршка, стратешки приоритети на Владата, капитални проекти и за развојни програми. За имплементација на оваа програма се користат и ЕУ фондовите и билатералната донаторска поддршка.

Во однос на преводот на правото на ЕУ, предвидено е да се преведат околу 30.000 страници и да се направи ревизија на околу 18.000 страници на правни акти од службен весник на ЕУ, Република Македонија и други документи од важност за ЕУ интеграцијата.

Во обраќањето од страна на Потпретседателот на владата, Бесими, беа истакнати клучните приоритети во однос на исполнувањето на политичките критериуми, изборната реформа, децентрализацијата, реформата на јавната администрација, реформата на полицијата, соработката со граѓанското општество, борбата против корупција, унапредувањето на слободата на изразување и медиуми, правата на заедниците, регионалната соработка и приоритетите од економските критериуми. Истакнати беа и клучните приоритети во однос на способноста на превземање на обврските од членството во ЕУ во делот на слободно движење на стоки, финансиски услуѓи, информатичко општество и медиуми, земјоделство и рурален развој, транспортна политика, енергетика, социјална политика и вработување, регионална политика, правда, слобода и безбедност.

На крајот на презентацијата на НПАА пред членовите на Комисијата за европски прашања во Собрание, вицепремиерот Бесими рече дека ова се дел од клучните приоритети во спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и нагласи дека поради важноста на претстојниот период, неопходно е сите да покажат целосна посветеност и максимална конструктивност и да се фокусираат на реализација на селектираните приоритети и реформи.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.