ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Промоција на твининг проект „Јакнење на институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“финансиран од ЕУ
12:27, среда, 04 март 2015

Денес, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Твининг партнерите (Конзорциумот од трите земји членки на ЕУ, Германија, Полска и Хрватска) одржаа настан за Промоција на твининг проект финансиран од Европската Унија “Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција” со кој се означи официјалниот почеток на твининг проектот.

На настанот свое обраќање имаше Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, д-р Фатмир Бесими, Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г-дин Аиво Орав, Проект лидерот од Сојузното Министерство за економски прашања и енергија на Германија, г-дин Волф-Дитер Плесинг, амбасадорот на С.Р. Германија, Н.Е Кристине Алтхаузер и претставници на амбасадите на Полска и Хрватска, партнери на Твининг проектот.

Целта на проектот е поддржување на процесот на интеграција во Европската Унија, преку зајакнување на капацитетите на СЕП, во насока на обезбедување на напредната меѓуресорска координација во рамките на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), како и преземање на улогата за координација на помошта и управувањето со ИПА.

Исто така, проектот е наменет да овозможи размена на искуства со земји членки на ЕУ во поглед на интегративниот процес, да го подобри усогласувањето со ЕУ како и да се фокусира на подобро управување со процесот на преведување. Во наредниот период се очекува проектот да одреди репер за подобрување на имплементацијата на политиките и целокупниот квалитет на законодавството.

Во насока на јакнење на капацитетите предвидени се обуки за повеќе од 200 учесници,11 работилници, испраќање на пет групи на студиски посети како и остварување на седум дневни практични работи во странство од страна на 15 учесници. Проектот, финансиран од Европската Унија изнесува 1.7 милиони евра и ќе трае 21 месец.

Клучниот корисник на твининг проектот е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Работниот комитет за европски прашања – РКЕИ, како и членовите на сите работни групи за НПАА . Други институции кои ќе бидат поддржани од овој проект (секундарни корисници) се: Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за законодавство и Генералниот Секретаријат.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.