ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Обраќање на вицепремиерот Бесими на презентацијата на Стратегијата Југоисточна Европа 2020
13:59, понеделник, 02 март 2015

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес имаше свое обраќање на настанот посветен на Стратегијата Југоисточна Европа 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива, на кој што присуствуваа претставници на Регионалниот Совет за соработка и претставници на Европската комисија.

Во своето обраќање, вицепремиерот Бесими ја изрази својата благодарност кон експертите од Регионалниот Совет за соработка и ОЕЦД за нивната континуирана поддршка во процесот на имплементирање на Стратегијата.

Тој истакна дека Националните институции во Република Македонија остануваат целосно посветени кон исполнување на целите поставени во оваа исклучително значајна регионална Стратегија, со цел подобрување на економската и социјалната клима, како и имплементирање на структурните реформи кои се клучни за конкурентноста.

Спроведувањето на активностите поврзани со Стратегијата Југоисточна Европа 2020 ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на функционалната пазарна економија во Република Македонија, што на среден рок ќе овозможи нашата држава успешно да се справи со конкуренцијата на единствениот Европски пазар. Од тој аспект, Бесими нагласи дека зачувувањето и подобрувањето на функционалната пазарна економија претставува клучен национален приоритет во областа на европските интеграции.

Република Македонија вложува сериозни напори во зајакнувањето на капацитетите на институциите за подобро апсорбирање на ИПА средствата кои претставуваат клучна поддршка за земјите кандидати за членство во ЕУ. Имено, Повеќе-корисничката програма на ЕУ е од исклучителна важност бидејќи е во функција на промовирање на регионалната соработка и зајакнување на размената на култури и знаење помеѓу земјите кориснички, како и поддршка на иницијативите од заеднички интерес.

На крајот, Бесими истакна дека успешната реализација на целите на Стратегијата Југоисточна Европа 2020 ќе резултира со поголема економска интеграција со регионот и ЕУ.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.