ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ЗПВРСМ Димитров: „Привилегија е што ја имаме Германија за пријател кој ќе ни помогне да ја преминеме линијата на зедничкиот успех“
18:44, понеделник, 07 септември 2020

Денес заменик претседателот на Владата Никола Димитров оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Гизеле Холштајн, прва по преземањето на новата функција потпретседател на Владата задолжен за европски прашања. Во фокусот на разговорот беше заедничкиот стремеж за влез во следната фаза од евроинтегративниот процес - одржување на првата меѓувладина конференција за формално отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и тоа за време на германското претседателство со Советот на ЕУ.

ЗПВРСМ Димитров: „Блиску сме до целта, која што всушност ќе претставува почеток на најважното европско патување за нашата земја. Привилегија е што ја имаме Германија за пријател кој што ќе ни помогне да ја преминеме линијата на заедничкиот успех – првата меѓувладина конференција со историски предзнак.“

Амбасадорката Холштајн на Димитров му посака успех во новите предизвици кои што ја носат новата функција, потенцирајќи ги неговите заслуги за постигнувањата на Северна Македонија како на европскиот, така и на евроатлантскиот пат и истакна: „На агендата на германското претседателство во однос на вашата земја има конкретна цел – успехот кој што несомнено го заслуживте со напорната работа на европскиот пат, да биде заокружен оваа година.“ Таа додаде дека токму по одржувањето на меѓувладината конференција следуваат предизвиците: „Или како што вели германската изрека – тешкото започнува на рамно (Die Mühen der Ebene)”.

Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.