Новости
вторник, 01 септември 2020 15:03
Денес пред просториите на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надвореши работи, Бујар Османи, одржаа заедничка прес-конференција по повод прземањето на новите функции.
Во своето обраќање, ЗПВРСМ Димитров најпрво се заблагодари на сите вработени во Министерството за надворешни работи, за нивната посветена работа, „посебно на оние кои што без многу фанфари, без многу лаворики посветено дадоа сѐ од себе овие претходни три години да бидат вистина историски.“
Димитров на кратко се осврна на постигнувањата во изминатите три години, истакнувајќи: „Постигнавме несомнено историски успех со членството во НАТО и со решение на три деценискиот проблем што нѐ држеше надолу како котва - спорот со Грција и почнавме еден многу важен историски процес со соседна Бугарија. Ќе оставам за тоа да зборуваат партнерствата, пријателствата што го изградивме со соседите, со Европа и со светот.“
Во следниов период во СЕП фокус ќе биде почетокот на пристапниот процес и мислам дека моментумот со германското претседателство и посветеноста на Канцеларката Меркел кон крајот на годинава, целта ни е да ги почнеме конечно пристапните преговори и да ја отвориме најдобрата алатка за реформи дома. Тоа ќе значи дека СЕП ќе треба да стане еден од главните мотори во државава, што ќе ги турка реформите напред.
Нѐ чека многу работа пред нас, но и истовремено и големи предизвици, големо бреме и товар, но и огромна златна шанса следниве години да ги искористиме длабоко да навлеземе во пристапниот процес со Европската Унија.“ – потенцираше Димитров.
„Пораката која
денес со Никола ја испраќаме е јасна – не само што како држава остануваме на
стратешките интереси во делот на односите со ЕУ, не само што новата Влада ги
задржува истите политички ставови по однос на надворешната политика - туку и
тимот кој беше задолжен за овие односи практично не се менува. Ние и досега
бевме упатени на соработка, и дозволете да бидам нескромен – мислам дека заедно
постигнавме историски резултат и тоа треба да се признае!