Новости
среда, 22 јули 2020 14:40
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во
Секретаријатот за европски прашања оствари средба со Амбасадорот на Република
Словенија во земјава, Милан Јазбец, по повод завршувањето на неговиот мандат.
Вицепремиерот
Османи изрази огромна благодарност за целокупната поддршка и ангажман на
Амбасадорот Јазбец за време на неговиот мандат, вклучувајќи ја и поддршката
која ја обезбеди Република Словенија за нашата земја за успешно справување со
пандемијата предизвикана од КОВИД 19.
"Словенија
е една од нашите најблиски поддржувачи и сојузници во нашите напори за
интеграција во ЕУ, и искрено се надевам дека истата ќе продолжи и понатаму
особено во втората половина на 2021 година, кога Словенија ќе претседава со
Советот на ЕУ во насока на унапредување на пристапните преговори" -
истакна Османи.