ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Обраќање на Бесими на шестиот Работен состанок за инклузија на Роми и Роми бегалци
12:33, четврток, 13 ноември 2014

Денес во просториите на Владата на Република Македонија, Вицепремиерот задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими се обрати на шестиот Работен состанок за инклузија на Роми и Роми бегалци.

Организацијата на состанокот е во тесна соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на Министерот без ресор Неждет Мустафа, Националниот координатор на Декадата и Стратегијата на Роми, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската унија во Македонија, со цел информирање за степенот на реализација на утврдените приоритети од акцискиот план за период меѓу петтиот и шестиот состанок и размена на гледишта помеѓу министерствата, граѓанските и меѓународните организации по однос на актуелните политики за Инклузија на Ромите како и утврдување на насоки за натамошната социо-економска инклузија на Ромите во Република Македонија.

Во своето обраќање, Вицепремиерот Бесими истакна дека Република Македонија следејќи го политичкиот курс зацртан од Европската Унија, континуирано се придружува кон земјите кои покажуваат подготвеност за спроведување на принципот на активна заштита на правата на Ромите, не само како морална обврска за државата, туку за спроведување на законски регулираната должност за грижа за оваа заедница.

Во рамките на реализацијата на приоритетите во процесот на европската интеграција на континуирана интеграција на Ромите, усвоени се мерки за надминување на проблемот со лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родени чиј што степен на имплементација ќе се следи на шестмесечно ниво, зајакнат е административниот капацитет на Одделението задолжено за спроведување на Декадата во Министерството за труд и социјална политика, иницирана е подготовка на Програма за образование на деца кои ја надминале возраста за прво одделение, со што би се овозможило поголем број на деца од улица и деца од најранливите категории на граѓани, на возраст од 10 до 14 година, да се вклучат во образовниот систем и усвоена е ревидирана Стратегијата за Роми која го промовира принципот на активна заштита на правата на Ромите отпочнат со претходната Стратегија во 2005 година за периодот 2014-2020.

На крајот, Бесими го истакна фактот дека во регионални рамки Македонија значително го има подигнато нивото на третирање на малцинствата во целост. Меѓу другото тој го нагласи особениот стремеж и заложба на Владата на Република Македонија преку буџетот како и преку ЕУ/ИПА фондовите да придонесе кон реализирање на приоритетите кои произлегуваат од Декадата на ромите, преку поддршка и збогатување на бројните активности насочени кон остварувањето на зададените цели.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.