ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими:Во ЕУ Агендата не се работи за тоа дали сме лево или десно политички ориентирани туку за тоа дали работиме во насока на нашата европска иднина или се враќаме назад
12:50, среда, 12 ноември 2014

Денеска во Собранието на Република Македонија, заменик претседателот на Владата задолжен за eвропски прашања, д-р Фатмир Бесими, пред членовите на Комисијата за европски прашања и претставниците на меѓународната заедница, ги презентираше постигнатите резултати и степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – НПАА, ревизија 2014 за трет квартал.

На почетокот, вицепремиерот Бесими истакна дека во ЕУ Агендата не се работи за тоа дали сме лево или десно политички ориентирани туку за тоа дали работиме во насока на нашата европска иднина или се враќаме назад, притоа нагласувајќи дека претстојниот период е многу значаен за процесот на европска интеграција на Република Македонија, особено од аспект на адресирање на клучните препораки во приоритетните области од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата. Во таа насока започна ревизијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – НПАА, ревизија 2015 година која ќе ги дефинира краткорочните и среднорочните активности кои ќе се базираат на препораките од Извештајот на Европската Комисија, ревизијата се очекува да се заврши и и усвои до крајот на годината.

Со цел да се обезбеди поголема инклузивност на процесот Секретаријатот за европски прашања упати повик до граѓанскиот сектор, медиумскиот сектор и организации и академската заедница за доставување предлози за конкретни активности кои би придонеле за понатамошно унапредување на состојбите во различни области, и тоа: демократија и владеење на право, судство, слобода на изразување, човекови права и заштита на малцинства, социјална политика итн.


Исто така, Бесими нагласи дека Владата подготви и нацрт Акциски план со краткорочни цели во приоритетните области (судство, слобода на изразување и медиуми, уставни измени, меѓуетнички односи, реформа на јавна администрација, адресирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, добрососедски односи и регионална соработка) на кои веќе се работи.


Во однос на реализацијата на НПАА 2014, заклучно со 11 ноември 2014 година, усвоени се 20 закони, (односно 35.1%), 2 се во собраниска постапка, 2 во владина постапка, а 9 закони се во меѓуресорска постапка. Околу предвидените подзаконски акти, усвоени се 64 (односно 44,8%), 2 се во владина постапка, а 24 во меѓуресорска постапка, истакна Бесими.

За реформите во судството, меѓу другото, Бесими потенцираше дека е одржана експертска мисија за судство на која учестваа експерти од земјите членки на Европската унија и претставници од домашните судски институции. Исто така, од страна на Судскиот совет е извршено редовно годишно оценување на работата на судиите за 2013 година. Како посебно важна, ја истакна реформата на правната рамка во однос на оценувањето на дисциплинската одговорност на судиите, која ќе се реалзиира во соработка со Европската Комисија.

Во рамки на економските критериуми беше истакнато следното: Според eсенските економски прогнози на Европската комисија од 2014 година проектираниот годишен раст на БДП на Република Македонија е највисок во регионот и втор највисок во Европа поточно, 3,3% во 2014, 3,4% во 2015 и 3,6% во 2016. Дополнително, Вицепремиерот истакна дека Република Македонија е високо рангирана во меѓународните извештаи за конкурентност и тоа 63 позиција во Извештајот за глобална конкурентност за 2014-2015 година, што претставува подобрување за 10 позиции во однос на минатата година и 30 позиција во Извештајој Дуинг Бизнис публикуван од Светската Банка, што претставува највисоко рангирање во споредба со сите други земји од Западниот Балкан.

На крајот на презентацијата на НПАА пред членовите на Комисијата за европски прашања во Собрание, вицепремиерот Бесими рече дека ова се дел од клучните постигнувања во спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и нагласи дека неопходно е сите да покажат максимална конструктивност и да се фокусираат на реализација на клучните приоритети и реформи.
 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.