ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Еврокодови за поголема конкурентност на градежните компании
13:30, среда, 05 ноември 2014

Македонските градежни компании ќе бидат поконкуренти и со поголеми можности за учество на меѓународни проекти по примена на еврокодовите - стандарди од областа на градежништвото во Европската унија.

Тоа е оценката на учесниците на втората работилница за градење капацитети за изработка на национални анекси на еврокодовите во Балканскиот регион, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија.

Во земјите членки на ЕУ еврокодовите се задолжителни за примена од минатата година и веќе се подготвува втората генерација. Кај нас досега Институтот има преведено, технички уредено и поставeно на јавна расправа 45 национални анекси кои треба да ги усвои во јануари. Останатите 13 анекси ќе бидат на јавна расправа од 15 ноември и во февруари ќе бидат усвоени стандардите со национални анекси. Во меѓувреме, Институтот за сеизмологија и земјотресно инжинерство, Управата за хидрометеоролошки работи, како и Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ треба да ги достават податоците за геолошките и сеизмичките карактеристики на земјата.

- Кога ќе ги усвоиме националите анекси на еврокодовите ќе добиеме изедначеност на пазарот на европско ниво, што значи дека која било компанија од ЕУ или македонска компанија ќе може да излезе на европскиот пазар врз основа на своите национали анекси и да конкурира за градбата. Во националните анекси и еврокодовите се вметнати сите сигурносни клаузули за да не дојде до рушење или што било на некоја градба. Во неколку истражувачки центри и универзитети во Европа се направени истражувања на повеќе од 10.000 мостови и згради, се прават мали макети и се рушат и тие вредности се вметнуваат во националните анекси на еврокодовите или во самите еврокодови, изјави Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија.

Фабио Таучер, претставник на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК, истакнува дека еврокодовите ги офаќаат највисоките и најбараните стандарди во градежништвото. - Со тоа што компаниите ќе знаат како да ги применат кодовите нивната конкурентност ќе се зголеми затоа што ќе бидат во можност да учествуваат во проекти на ЕУ, исто така и меѓународни. Многу од државите се заинтерсирани за капацитетите на компаниите за користење на еврокодовите. Во исто време ќе можат да ги користат евростандардите за подобрување на квалитетот на градбите, изјави Таучер.

Според Давчев, стандардизациски еврокодовите за Македонија ќе бидат готови најдоцна до април, а заедно со вклучување на потребните сеизмолошки и геофизички карактеристики за земјата целиот процес би бил готов до октомври. За примена во пракса ќе биде потребна подготовка на законски и подзаконски акти, со што европската легислатива во таа област ќе се примени комплетно. Во текот на 2015 веќе ќе бидеме подготвени да се изедначиме целосно со европското законодавство од кој било аспект во областа на градежништвото, изјави Давчев.

ЕУ има воспоставено вкупно 58 стандарди во градежништвото поделени во девет групи, односно девет еврокодови, со по неколку стандарди. Градежништвото, посочува Давчев, ќе се заснова и ќе работи според овие еврокодови. Дрвените, бетонските, металните, армираните конструкции и се што се однесува на градење згради, мостови, ... ќе се работат со еврокодовите.

- Секој од стандардите има национален анекс, во кој треба да бидат вметнати карактеристиките на земјата, геофизички, земјотресните, сеизмолошки. - Доколку сакаме да градиме зграда или мост во Берово треба видиме колкава е брзината на ветрот, дождот, снегот, сеизмологијата. Доколку сакаме во Скопје мора да ги земеме карактеристиките на самото подрачје, истакна Давчев.

Според Михаил Гаревски, директор на ИЗИС, примената на еврокодовите е комплексен процес, што се одвивал тешко и во земјите членки на ЕУ, но оти домашните компании се свесни дека тие прописи мора да стапат во сила.
- За нас е особено важен т.н. еврокод 8 којшто го третира земјотресното влијание врз конструкциите и затоа мислам дека ние можеме да се справиме многу лесно бидејќи Институтот за земјотресно инжинерство е еден од водечките во Европа и има огромно искуство, изјави Гаревски. Извор МИА

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.