ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Одржана дискусија за Извештајот на Европската комисија од домен на судството
14:46, четврток, 16 октомври 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денес оствари работна средба со Министерот за правда, Аднан Јашари, Претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, Претседателот на Судскиот совет, Александра Зафироска и Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудoвска.

На почетокот на состанокот од страна на Вицепремиерот беше истакнато дека „Важна е заедничка заложба во адресирање на сите препораки од Извештајот во однос на судството, со цел зајакнување на независноста на судството како и подобрување на квалитетот и транспарентноста на судските процеси. Со тоа ќе се придонесе во зголемување на довербата во судскиот систем во Република Македонија ... со денешната дискусија ниту започнува ниту ќе заврши реформскиот процес во судството, но значајна е во поглед на зајакнување на заедничката координација за преземање на конкретни активности кои ќе придонесат кон процесот “ – додаде Бесими.

За време на дискусијата фокусот беше ставен на наодите од Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година, во делот на судскиот систем особено од аспект на подобрување на независноста, професионалноста и транспарентноста на судството како и квалитетот и пристапот до правдата.

Се дискутираше и за тековната експертска мисија ТАЕКС, која се реализира во соработка со Европската комисија, посветена на понатамошно унапредување на законската и институционалната рамка со која се уредува назначувањето, разрешувањето, постапката за дисциплинска одговорност на судиите и образложението на судските пресуди.

Покрај другото, беше потенцирано дека во насока на подобрување на судскиот систем во рамки на ИПА 1, во период од 2007 до 2013 година, подготвени се вкупно 15 проекти, во износ од околу 17 милиони евра. Крајни корисници на овие средства освен Министерството за правда се и Управниот суд, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на Јавните обвинители на РМ, Управата за извршување на санкции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавните обвинителства и сите други правосудни институции.

Присутните разговараа и за предвидените дополнителни мерки и активности кои ќе придонесат за понатамошно подобрување на состојбите во оваа област.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.