ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими: Во извештајот има препорака и не се откажуваме од патот кон ЕУ
13:47, четврток, 09 октомври 2014

Исклучително важно е што и во овој извештај Европската Комисија (ЕК) дава препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ за полноправно членство, но важни се и наведените укажувањата за тоа на што во наредниот период треба да покажеме поголем напредок, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.


- Извештајот за напредокот на Република Македонија е заеднички документ кој де факто се пишува од наша страна и од ЕК. Всушност ние до 1 септември официјално го дадовме нашиот придонес за извештајот и до вчерашниот ден постојано имавме консултации за работи кои во меѓувреме се направени а можат да бидат во извештајот во однос на тоа што е направено. Тој однос на РМ и ЕК во овој процес е партнерски. Без оглед на коментарите во јавноста дали вокабуларот во извештајот е повеќе или помалку дипломатски, сметам дека за нас е важно секој збор и тема што се покренува како предизвик пред нас за препорака да се посвети повеќе внимание,тоа да го сфатиме сериозно и работиме сериозно на тие теми бидејќи е во интерес на граѓаните, одговори Бесими на новинарското прашање дали се согласува со содржината на извештајот и каков е неговиот став. Без оглед на таквите изјави кои може да имаат политичка конотација, нагласи Бесими, за нас останува да работиме на содржината, а тоа се судството слободата на изразување, добрите меѓуетнички односи, политичкиот дијалог и добрите соседски односи, односно надминување на отворените прашања со соседите.


- Важно е во овој период да не се дефокусираме од еворпската агенда. Република Македонија ќе има многу работа на патот кон ЕУ и ние не се откажуваме од тоа, потенцира Бесими., додавајќи дека во извештајот се нотирани и голем број области во кои има огромен непредок како што е реигоналната соработка, борбата против организираниот криминал на МВР, во делот на реформите во јавната администрација, за непредокот во економската област, зајакнувањето на пазарната економија, намалувањето на невработеноста, трендот на раст на БДП...
Според вицепремиерот за европски прашања Република Македонија, како и секоја друга земја-членка на ЕУ, и откако ќе стане полноправна членка ќе продолжи постојано да прави реформи во системот, вклучувајќи го и судството и останатите теми кои ќе бидат составен дел од европската регулатива.


Откако извештајот ќе биде анализиран, тој најави дека ќе се почне со активности за подготовка на Акцискиот план, а истовремено Секторот за европски прашања ќе организира заедно со другите владини и други државни институции носители на одредени области серија консултации, средби и дебати со НВО, академската заедница, со приватниот сектор и сите други чинители кои можат да придонесат Република Македонија во иднина да покаже поголем прогрес.
 

Извор: МИА

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.