Новости
понеделник, 08 јуни 2020 13:12
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Главен преговарач со Европската Унија, во пресрет на изготвувањето на првичната Преговарачка рамка од страна на Европската Комисија, одржа прес брифинг на кој информираше за последните детали поврзани со европските интеграции. Притоа, Османи покрена иницијатива до сите политички фактори во државава, под покровителство на Претседателот Пендаровски, во изградбата на општествено – политички консензус за европските интеграции, а во пресрет на стартот за преговорите за кој најави дека очекува да се случи до крајот на годината
„А самите преговори претставуваа најкомплексниот и најсложениот процес во кој влегуваме како држава, не само како Влада или како политички партии. Исходот сите ќе нѐ засега најдиректно. Затоа, покрај Европската Унија, за почеток на преговорите треба да се подготвиме и ние. Токму во таа насока, како Главен преговарач со Европската Унија, сметам дека постојат прашања за кои ние како општество мора да иницираме дебата, да се договориме, - за подготвени да ја дочекаме првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите.“, истакна Османи, посочувајќи на потребата од политичка подготовка во пресрет на стартот на преговорите, преку изградба на општествено - политички консензус за приоритет на Европските интеграции како наднационален, надпартиски и стратешки интерес и на државата.
„Затоа дозволете да иницирам, секако преку Владата, и уште повеќе, со коордииран настап со Претседателот на државата, кој може да има важна улога во овој процес на политичко и општествено обединување за стратешките државни интереси. Повикувам да го почнеме процесот на изградба на нашиот заеднички политички и државен консензус, во една инклузивна постапка, со вклученост на сите политички субјекти, во која ќе ги отстраниме партиските интереси од процесот на интеграција на земјата во Европската Унија.“, посочи Османи, упатувајќи на претстојното формирање на преговарачката структура, на функционалноста на Собраниските комисии – Националниот совет за европски интеграции и Комисијата за европски прашања, но и пошироко, во создавањето на целосен општестен консензус за европските интеграции.