ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
16:57, вторник, 19 мај 2020
На Скопскиот аеродром Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, во присуство на Хамад  Ал - Махмоод, вршител на должност Амбасадор на Државата Катар во земјава, ја пречекаа донацијата - помош за справување со КОВИД 19 од Катар.

Вицепремиерот Османи во името на Владата и од името на граѓаните,  упати  благодарност до вршителот на должност Амбасадор на Државата Катар во земјава, Хамад Ал- Махмоод, но и до народот на Катар за донираната помош за нашата земја.

"Се работи за голема количина, преку осум тони заштитна опрема која се состои од: близу петстотини  илјади хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95;. Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици"- истакна Османи при што нагласи дека се работи за опрема која ни е потребна, која сериозно ќе ги зацврсти нашите капацитети особено во здравството и здравствениот систем, кои секако ја претставуваат првата линија на одбрана од коронавирусот.

 "Обезбедувајќи ги овие донации од нашите меѓународни пријатели, обезбедуваме и сериозни заштеди во буџетот, што во време на соочување со економските предизвици од пандемијата е исто така многу важно"- додаде Османи.

На примопредавањето на донацијата в.д. Амбасадотот на Државата Катар, Хамад Ал Махмоод нагласи дека денешната  хуманитарна помош е донесена преку Катарскиот фонд за развој  и во насока на  поддршка на Владата на Република Северна Македонија во борбата против пандемијата COVID-19, притоа  потенцирајќи дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од државата Катар и изрази надеж дека оваа глобална пандемија наскоро ќе заврши.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.