ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
15:26, недела, 10 мај 2020
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како Главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД19, оствари посета на кризниот штаб во Струга, каде заедно со Градоначалникот на општината, Рамиз Мерко остварија средба и со претставниците на поголемите верски заедници, каде се осврнаа на последните случувања во општината поврзани со справувањето со КОВИД 19.

„Настаните од пред неколку дена овде во Струга, покажаа недостатоци во справувањето со епидемијата кои директно ја загрозуваат стратегијата на државата во справувањето со кризата од пандемијата. Не е наше овде и веднаш да ја лоцираме одговорноста, ние овде, и како верски претставници, и како политички претставници, но пред сè како луѓе, имаме обврска да најдеме начин како ќе се погрижиме за здравјето и безбедноста на нашите граѓани, притоа да им овозможиме, колку е тоа остварливо и можно, да ги практикуваат верските и традиционалните обичаи во една нова нормалност“ истакна Османи по состанокот, изразувајќи задоволство од одржаниот состанок со верските заедници, кои покажале, како што вели и волја и интерес за примена на мерките за безбедност при одржување верски собири кои заеднички ќе ги утврдат со Владата.

„Добро е што овој настан го одржуваме овде во Струга, затоа што без разлика на настанот од пред неколку дена, Струга е град кој го симболизира соживотот и навистина е убаво од тука прво да ја испратиме пораката дека заеднички ќе ги усогласиме мерките, и дека се тие подеднакво важни за двете верски заедници, исто како што сите верници се подеднакво загрозени и во опасност од коронавирусот“ истакна Османи при што нагласи дека државата мора да покаже дека има исти аршини за сите, бидејќи само така ќе може да смета на поддршката од граѓаните во справување со пандемијата.
Вицепремиерот посочи дека во соработка со верските заедници и стручните служби на Владата, се работи на сет мерки за верските објекти, кои пред сè подразбираат носење заштитна опрема, одржување на пропишаната дистанца, одржување ред и дисциплина и останати активности кои ќе обезбедат најпрво безбедност за здравјето на верниците, но и соодветно ќе се вклопат и во стратегијата на државата за заштита на колективното здравје и борбата против епидемијата.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.