Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари видео-конференциска средба со Директорот на Директоратот за проширување при Европската Комисија (ДГНЕАР), Кристијан Даниелсон.
Фокусот на разговорот беше на ставен содржината на Преговарачката рамка, како и на содржината на претстојниот Извештајот не Комисијата за напредокот на земјава, како и соработката меѓу Унијата и Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата и нејзините последици.
„Претставува голем успех и за Унијата, и за Северна Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете во името на Владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат, и секако до вас, за упорноста и личниот ангажман во оваа насока“, изјави Османи на почетокот од разговорот, упатувајќи притоа задоволство и од остварената соработка со Унијата во справувањето со Пандемијата и вклучувањето на Република Северна Македонија во сите активности и политики на Унијата за оваа цел.
„Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, пак, заедно со Извештајот, ќе преставуваат објективен и мериторен приказ на состојбите во земјава, како и за потребите на земјата за остварување на суштински напредок кон членство во Европската Унија“ истакна Османи, притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели. „Наша амбиција е оваа година да ја одржиме и Првата меѓувладина конференција и да го започнеме Билатералниот скрининг, со што Република Северна Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата“, истакна Османи“