ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
16:01, понеделник, 04 мај 2020
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари видео-конференциска средба со Министерката за Европа на Република Австрија, Каролине Едштадлер.
На почетокот на средбата Вицепремиерот Османи ја искористи приликата да и се заблагодари на министерката Едштадлер за нејзината лична подршка и за подршката на Владата на Република Австрија, што во пандемиски услови кога сите беа фокусирани на настанатата криза, тие силно ја подржаа одлуката за започнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ. Воедно Османи и изрази благодраност и за подршката во борбата против КОВИД-19, потенцирајќи дека само со заендични сили можеме успешно да се справиме со настанатата криза.

Министерката Едштадлер истакна дека Р. Австрија ја гледа нашата земја и земјите од ЗБ како дел од семејството на ЕУ и дека и понатаму ќе продолжат со силна подршка, при што го спомна и новиот пакет подршка од ЕУ во износ од 3.3 милијарди евра, предвиден за најава на претстојниот Самит во Загреб.Меѓу другото соговорниците дискутираа околу очекувањата од претстојниот Самит „ЕУ-Западен Балкан“ што ќе се одржи во Загреб на 6 мај, околу Преговарачката рамка и Извештајот за напредокот што ЕК треба да го објави на почетокот на наредниот месец.

За време на видео средбата  Вицепремиерот Османи во однос на преговарачката рамка која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки како и усогласување на истите со нашата земја со цел во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите."Во периодот кој ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласи веќе нема простор за менување на правилата" -додаде Османи.За време на разговорот соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна прилика и можност за лидерите од регионот и ЕУ  да ги зајакнат своите односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат.
 
 
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.