ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими на работна посета во Албанија
16:10, вторник, 30 септември 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска имаше свое обраќање на Конференцијата “Ново поглавје за интеграциите на Албанија во променлива ЕУ: Предизвиците по добивањето на кандидатскиот статус и политиката за проширување под италијанското претседателство“.

Во своето обраќање, Бесими нагласи дека интеграцијата во Европска Унија е главен приоритет за секоја земја од Западен Балкан, не само поради тоа што нашите земји географски се дел од Европа, туку и поради тоа што Европа игра битна улога и ги подржува нашите држави во реформите што ги спроведуваме, во трансформацијата на нашето општество, во зацврстувањето на демократските вредности и економскиот развој, имајќи предвид дека во исполнувањето на Копенхашките критериуми, наште земји се соочуваат со многу предизвици.

Бесими додаде дека добрососедските односи се од суштинско значење за обезбедување на напредок во пристапувањето кон ЕУ, па затоа Република Македонија е посветена на постојано подобрување на односите со соседните држави, како и во продлабочувањето на соработката со земјите од регионот. Регионалната соработка е од витално значење и игра битна улога во напорите на земјите од Западен Балкан за пристапување во ЕУ – додаде Бесими.

Меѓу другото, тој потенцираше дека со автентичните и заеднички вредности кои ги имаат земјите од Западен Балкан и со нивно заедничко промовирање, можеме подобро да ги презентираме нашите политички и економски интереси во државите од Европска Унија. Можностите и користа од меѓусебната соработка, предностите од географската положба и инфраструктурните врски, компаративна економија, и природните карактеристики на овие земји, ја прават неопходна меѓусебната регионална соработката.

Бесими на Конференцијата зборејќи за македонското искуство во спроведувањето на ЕУ агенда на нашата земја потенцираше дека оваа година се одбележа десетгодишнината од спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и дека нашата земја минатата година ја доби петтата препорака за започнување на преговорите со ЕУ, а покрај тоа се воведе и нова динамика во спроведувањето на реформите преку започнувањето на Пристапниот Дијалогот на Високо Ниво (ХЛАД). Тој додаде дека во текот на сите овие години, со посветено работење, постигнат е значителен напредок во спроведувањето реформите во битни области како што се судството, борбата против корупција и организиран криминал, слободата на изразување, изборната реформа, реформата на јавната администрација итн.

Бесими додаде дека членството во Европска Унија останува стратешки приоритет и е главна движечка сила, која не поттикнува посветено да продолжиме да работиме во спроведувањето на реформите и европеизацијата на нашите земји и нашето општество. На крај на неговото обраќање Бесими го цитираше Конрад Аденауер, еден од основачите на Европската Унија, кој рекол: “Европската Унија беше само сон на неколку луѓе. Денеска претставува неопходност за сите нас“.

На маргините на Конференцијата, вицепремиерот Бесими се сретна со министерот за европска интеграција, г-ѓа Клајда Ѓоша.

По завршувањето на Конференцијата Бесими одржа одделни средби и со заменик претседателот на Владата на Република Албанија г. Нико Пелеши, и министерот за надворешни работи г. Дитмир Бушати, каде разговараа за постигнувањата на двете држави во евроинтегративниот процес и значењето на што поскората интеграција на државите од Западен Балкан во ЕУ.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.