ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Повеќе-корисничка ИПА програма
Повеќе-корисничка ИПА програма
12:11, четврток, 05 март 2020

ИПА повеќе-корисничката програма помага во постигнување на целите кои се утврдени во Националните стратешки документи на различни начини. Во согласност со Повеќе-корисничкиот индикативен стратешки документ 2014-2020, Програмата обезбедува поддршка преку четири повеќе-кориснички канали кои се комплементарни на националните пакети:

 

A) Хоризонтална поддршка

Техничка поддршка, информирање и обука за националните институции на земјите корисници на ИПА II, преку инструментите ТАЕКс и Твининг.  

 

На овој начин станува достапно практичното знаење на ЕУ и на меѓународните организации, нивните најдобри практики, вклучително и креирањето на политики базирани на докази (статистичка соработка), со што се помага во подобрувањето на формулирањето и спроведувањето на националните секторски политики и поврзаните секторски стратегии. Програмата исто така обезбедува поддршка за јакнење на граѓанското општество во регионот, за јакнење на слободата и независноста на медиумите, како и за градење на капацитети и промоција на мобилноста во високото образование и на младите луѓе, преку придонес во програмата Ерасмус+.  

 

Б) Регионални структури и мрежи

Промовирање на регионалната соработка, вмрежувањето и споделувањето на најдобрите практики како поддршка на земјите корисници на ИПА II во нивната подготовка за членство во ЕУ, во усогласување на нивното национално законодавство со правото на ЕУ (acquis) и постепено приспособување со стандардите и практиките на ЕУ.

 

Поддршката преку овој канал ќе биде насочена кон иницијативи како:

 

В) Поддршка за регионални инвестиции

Програмата е насочена кон проекти со јасна регионална димензија, кои придонесуваат за социо-економскиот развој во повеќе од една земја корисник на ИПА II, со фокус на потребите за инвестиции во следните сфери:                 

·         Конкурентност и деловно опкружување;

·         Поврзување помеѓу корисниците на програмата и земјите од ЕУ;

·         Заштита на животната средина и справување/приспособување кон климатските промени

 

Главни инструменти за оваа намена се:

·         Инвестициска рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework);

·         Зелен фонд за раст (Green for Growth Fund);

·         Инструмент за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан (Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility);

·         Европски фонд за Југо-источна Европа (European Fund for Southeast Europe);

·         Регионална програма за домување (Regional Housing Programme).

 

Г) Територијална соработка

Промовирање на добрососедските односи и на регионалниот развој помеѓу и во пограничните региони преку програмите за прекугранична соработка, во рамки на регионот и со земјите од ЕУ, како и преку програмите за транснационална соработка и релевантните макрорегионални програми (стратегиите на ЕУ за Дунавскиот и Јадранско-јонскиот регион).   

 

Усвоените ИПА повеќе-кориснички програми за периодот 2014-2020 и 2007-2013 се достапни на следниот линк:

https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/multi-beneficiary-programme_en
Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.