ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
17:18, понеделник, 02 март 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој е во работна посета на земјава.

Вицепремиерот Османи најнапред изрази благодарност до Министерот Грлиќ Радман за активниот пристап на Хрватска по преземањето на претседателството со ЕУ, во однос на нивните заложби за промоција и интензивирање на европските перспективи на целиот Балкан, упатувајќи притоа благодарност и за личниот ангажман на Премиерот Пленковиќ за интензивирање на процесот на проширување.

„Ми причинува особено задоволство што денешната посета на Министерот Грлиќ Радман се совпадна со објавувањето на предвремениот Извештај за напредокот и состојбите во Република Северна Македонија, во кој уште еднаш е потврдена препораката од минатата година за почеток на преговорите“ – истакна Османи нагласувајќи притоа дека по објавувањето на новата методологија за проширување на почетокот од минатиот месец, ова е втор клучен момент по октомврискиот самит, кои на голема врата ја враќаат довербата во европските интеграции и го отвораат патот за одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со Република Северна Македонија уште оваа пролет.

„Објавувањето на денешниот извештај за напредокот, покажува дека довербата на Европската Комисија за нашата подготвеност не само што ја задржавме, туку и ја зголемивме, што е од исклучителна важност не само за нас туку и за земјите – членки, а претставува и потврда за  нашата работа и вистински показател дека земјава се движи во правилна насока“- додаде Османи.

Двајцата соговорници за време на разговорот заеднички упатија уверување дека претстојниот мајски Самит на ЕУ во Загреб посветен на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе биде успешен, имајќи ја предвид историска важност во однос на зацврстување на вниманието на ЕУ кон регионот, како место каде ќе се постават темелите за долгорочна соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.