ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Интензивирање на проектната соработка со НР Кина
16:10, петок, 26 септември 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими денес оствари средба со Амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е Вен Женшун. На средбата беше разговарано за билатералната соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на проектите што се реализираат со грантова поддршка на Народна Република Кина.

Од страна на Вицепремиерот Бесими беше изразено задоволство од степенот на комуникација и соработка помеѓу институциите на двете земји, задолжени за подготовка и реализација на проектите. Притоа, истакната е потребата од продолжување и засилување на контактите и разговорите и во наредниот период, во функција на успешно надминување на взаемните предизвици и остварување на уште подобри резултати во иднина.

Еден од проектите од посебно значење е и изградбата на ОУ Рајко Жинзифов во општина Кисела Вода, чија нова училишна зграда од 01 септември е отворена за основците од локалната заедница. Проектот, како што е истакнато од двете страни, е прв по комплексност и обем на работа реализиран во рамки на проектната соработка и ќе послужи како основа за понатамошно унапредување на процесите на проектна подготовка и реализација.

Од страна на Бесими, како Национален координатор за странска помош во Владата, беше подвлечен интересот на Република Македонија за продолжување со подготовка и брз почеток на реализација на веќе утврдените приоритетни проекти.

Меѓудругите проекти, беа споменати: проектите за изградба на ОУ во општините Тетово и Гази Баба, проектите за изградба на нови детски градинки во општините Кисела Вода и Чаир, како и проектот за изградба на нов објект на Универзитетот Конфучиј во Скопје. Во рамки на веќе потпишаните договори со НР Кина, за реализација на овие проекти, како и за проектот Мрежно поврзување на државните институции обезбедени се над 8 милиони евра грантови средства.

Во реализацијата на овие проекти, согласно утврдените принципи на Владата на Република Македонија, се очекува целосно вклучување на домашни компании и работна рака, како и обезбедување на значаен дел од потребните материјали на домашниот пазар.

Со ваквата соработка и тековните и идните проекти, НР Кина недвосмислено го зајакнува својот профил на сериозен и посветен партнер во областа на образованието, како една од клучните за севкупниот развој на Република Македонија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.