Новости
петок, 21 февруари 2020 11:30
Денес во Секретаријатот за европски прашања се одржа презентација на Анализата на трговските односи по Брегзит и предлог договорот за трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, за претставници на бизнис заедницата кои се дел од Платформата за јавно приватен дијалог, во која влегуваат четирите најголеми стопански комори (Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија , Стопанска комора на северозападна Македонија и МАСИТ).
Воведно обраќање имаше Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, кој се осврна на историјатот на односите на земјата со ЕУ, како и очекувањата околу улогата што ќе ја има бизнис заедницата во процесот на пристапни преговори со ЕУ.
Шерифе Исмаили Касапи ги презентираше целите на проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“, имплементиран од УНОПС – Канцеларија на Обединетите нации за проектни услуги, во чии рамки беше подготвена анализата.
Проф. Д-р
Силвана Мојсовска ги презентираше наодите од анализата. Учесниците
разменија мислења и ставови околу евентуалните последици од Брегзит на
трговските односи помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото кралство,
како и генерално околу процесот на пристапување во ЕУ.