ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
10:15, четврток, 13 февруари 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започнаа работната посета на Француската Република каде остварија средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

„Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла; како од аспект на силната политичка контрола и водење на процесот, така и во смисла на неговата кредибилност, предвидливост и цврсто почитување на принципот на заслуги“- истакна Османи, изразувајќи надеж дека со овој нов моментум ќе се создадат и предуслови во пресрет на претстојните дискусии во Советот на  ЕУ, за остварување консензус меѓу земјите членки, за одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија, пред Загрепскиот самит во Мај, посветен на Западниот Балкан.

МНР Димитров во таа насока подвлече: "Сакаме да бидеме пример за регионот во примената на новиот пристап. Одлуката за преговори означува почеток на еден динамичен и напорен процес. Северна Македонија нема да се штеди и е решена да го изоди тој пат".

Во рамки на посетата на Париз, Османи и Димитров ќе остварат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, а ќе се сретнат и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Француската Република на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.