ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
11:27, вторник, 11 февруари 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош,  Бујар Османи и Амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Јазбец денес во Владата на Република Северна Македонија го потпишаа Меморандумот за меѓународен развој и соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за периодот 2020-2021 година. На чинот на потпишувањето присуствуваа и Претседателот на Државниот Збор на Република Словенија Дејан Жидан, кој е во посета на земјава, како и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.

„Оваа денешна формализација на развојната соработката за следниве две години претставува континуитет на долгогодишната поддршка која Република Словенија ѝ ја дава на Република Северна Македонија, и тоа уште од самиот почеток на процесот на европски интеграции на земјава.“ - истакна Османи при потпишувањето, упатувајќи благодарност до Владата и до граѓаните на Република Словенија, за континуираната поддршка кон Република Северна Македонија.

„Со денешниот чин на потпишување, Владата на Република Словенија ќе алоцира над два милиони евра, поточно 2.126.000 EUR, неповратни средства, кои во најголем дел ќе бидат алоцирани за кофинансирање на инфраструктури проекти, и тоа во насока на обезбедување третман и подготовка на вода за пиење во неколку општини. Секако, тука е и техничката поддршката за европските интеграции на земјава, како што е поддршката на Граѓанскиот сектор, на институциите задолжени за европските интеграции, со што Словенија, не само политички, туку и преку развојната помош цврсто застанува во поддршка на европската перспектива на земјава.“, заклучи Османи

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.