ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи: Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на ЕУ
09:47, понеделник, 10 февруари 2020

Заменик претседателот на Владата, задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со делегацијата на Комисијата за европски прашања при Парламентот на Кралството Холандија, предводени од пратеникот Хајке Велдман, Претседател на Комисијата.

„Особено ја цениме билатералната поддршка која земјава во континуитет ја добива од Холандија, која особено внимателно е таргетирана во развојот на демократските капацитети на општеството, владеењето на правото, поддршка за реформите итн.“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до делегацијата и за севкупната политичка поддршка за европските и евроатлантските аспирации на земјава.

„Новата методологија претставува исклучително добра основа за да се забрза и унапреди квалитетот на преговарачкиот процес. Земјите - членки ќе добијат засилен политички мониторинг и насочување на процесот, додека земјите - кандидатки ќе добијат фер можност, низ прецизен и јасен мерит систем на дело да покажат колку се подготвени за напредок во европските интеграции.“, истакна Османи, пренесувајќи ги впечатоците на Владата по прашањето на новата методологија.

„Имаме позитивни сигнали дека методологијата ги задоволува барањата на земјите - членки, што го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен“, истакна Османи, упатувајќи на силен оптимизам кој се создава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство. „Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави и ова прашање да биде затворено пред мајскиот самит посветен на Западниот балкан во Загреб“, посочи Османи.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи: И со новата методологија влегуваме како фаворити во процесот на европски интеграции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.