ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД ОБСЕ И МОНИТОРИНГОТ НА ОДИХР СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТЕН ИЗБОРЕН ПРОЦЕС
12:49, вторник, 04 февруари 2020

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари работна средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во земјава, предводени од Амбасадорот Клеменс Која.

„Поддршката за земјава од страна на Мисијата на ОБСЕ има исклучително значајна улога кога се во прашање изборите, претставувајќи значаен авторитет со изграден огромен степен на доверба низ долгогодишното дејствување“- истакна Османи, посочувајќи на важност на претстојните предвремени парламентарни избори за процесот на европска интеграција на земјата. „Никој од нас нема дилема дека одржувањето на фер, демократски и компетитивни избори, покрај значењето за општиот демократскиот развој државава, претставуваат и клучен параметар по кој земјите – членки на ЕУ ќе ја оценуваат зрелоста на државата при нивната одлуката за почеток на преговорите за пристапување на пролетните самити.

Во истата насока, Османи реферираше пред претставниците на ОБСЕ и Амбасадорот Која, за остварените посети на државните институции надлежни за спроведување на изборите. „Остварив продуктивни средби ви Државната изборна Комисија, Антикорупциската комисија, Агенцијата за медиуми и Државниот завод за ревизија; без исклучок, секаде наидов на позитивна и оптимистичка атмосфера, висок степен на професионална подготвеност, а добив уверување од сите челници на овие институции дека се во целост подготвени да одговорат на законските надлежности при спроведувањето на изборите“, истакна Османи.

Соговорниците во текот на средбата разговараа и за начините и активностите кои би довеле за  подобрување на организацијата на изборите, а во насока на целосна примена на забелешките и препораките во редовните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР.

Денешната средба е дел од серијата на институционални посети на институции и организации кои се задолжени за спроведување и мониторирање на изборите, во насока на остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.