ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Презентација на Бесими во Собрание за степенот на реализација на НПАА за прв и втор квартал
15:16, среда, 24 септември 2014

Денеска во Собранието на Република Македонија, заменик претседателот на Владата задолжен за eвропски прашања, д-р Фатмир Бесими, пред Националниот совет за евроинтеграции ги презентираше постигнатите резултати и степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – НПАА, за првиот и вториот квартал.

Вицепремиерот Бесими, пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции, ја истакна својата лична заложба и заложбата на Владата на Република Македонија за натамошно продолжување со евроатлантските интеграции.Тој информираше за клучните напори за реформите и краткорочните приоритети, целите на НПАА ревизијата за 2014 година како и за процесот на планирање на НПАА, нејзината имплементација и следните чекори во процесот, како што се натамошното усогласување на законодавството, дистрибуција на финансиските и човечките ресурси и употребата на ИПА финансиските средства.

Исто така, тој нагласи дека НПАА 2014 има за цел да ги адресира препораките на Стратегијата за проширување 2013/2014 и Извештајот за напредокот на Република Македонија, исполнувањето на приоритетните реформи предвидени со ПДВН, понатамошното остварување на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, како и продолжување со усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската Унија. Бесими потенцираше дека реформите во Република Македонија не се спроведуваат само за започнување на преговорите, туку за подобрување на животниот стандард на граѓаните и особено дека истите би добиле значително на интензитет доколку Советот на Европската Унија конечно донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија.

Во своето обраќање Вицепремиерот се осврна и на реформите кои се спроведуваа и ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период , како и последните постигнувања во областа на судството, борбата против корупција и организиран криминал , слободата на изразување, изборната реформа, политичкиот дијалог, реформата на јавната администрација, меѓуетничките односи, добрососедските односи и регионалната соработка.

Воедно, Бесими истакна дека во изминатиот период се одржани координативни состаноци со ресорните министерства со цел да се разгледа статусот на имплементација на активностите и најави дека вакви средби ќе продолжат и со други институции.

На крајот на презентацијата на НПАА пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собрание, вицепремиерот Бесими рече дека ова се дел од клучните постигнувања во спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и нагласи дека поради важноста на претстојниот период, имајќи предвид дека Европската комисија веќе работи на Извештајот за напредок за 2014 година, неопходно е сите да покажат максимална конструктивност и да се фокусираат на реализација на клучните приоритети и реформи со цел истите да бидат нотирани во Извештајот, додавајки дека не смееме да го испуштиме моментумот на позитивна клима во Европската Унија, во поглед на проширувањето кон државите на Западен Балкан, кој беше потврден со Берлинската Конференцијата за Западен Балкан и Приоритетите на италијанското претседателство.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.