ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЗГОЛЕМЕНАТА БИЛАТЕРАЛНА ПОДДРШКА ОД СТРАНА НА НОРВЕШКА ПРЕТСТАВУВА ЗНАЧАЕН ИМПУЛС И ЗА НАПРЕДОК ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
10:30, четврток, 16 јануари 2020
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството на Норвешка во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Јорн Јелштад.

Вицепремиерот Османи на почетокот на состанокот му честиташе на амбасадорот Јелштад за мандатот какао амбасадор и му посака успешна реализација на поставените цели, истакнувајќи дека Кралството Норвешка отсекогаш претставувала земја пријател и важен подржуваш на Република Северна Македонија, во остварувањето на нашите приоритети и стратешки реформски цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ.

“Кралството на Норвешка го препозна клучниот момент кога на нашата земја и беше потребна силна поддршка во евро-интегративниот процес и затоа одлучи да ја зголеми поддршката за нашата земја“, истакна Османи подвлекувајќи дека преку неповратните средства од околу 3 - 5 милиони евра на годишно ниво кои што К. Норвешка ги распределува за Република Северна Македонија, во голема мера се покриваат потребите кои произлегуваат од ЕУ агендата, како што се подготовките за втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација, надградување на платформата со софтверско решение за усогласеноста на нашето законодавство со законодавството на ЕУ и тн.

Амбасадорот Јелштад истакна дека Република Северна Македонија покажа одлична подготвеност и политичка зрелост со превземените чекори и досегашните реформи реализирани во насока на пристапување кон ЕУ и НАТО, и дека очекува во најкраток рок протоколот за НАТО да биде ратификуван од страна на Шпанија со што ќе се заокружи цел процес за полноправно членство на Р. Северна Македонија во НАТО.

Османи меѓу другото потенцираше дека освен полноправното членство во НАТО исто така од суштинско значење за нашата земја е и отворањето на процесот на преговори со ЕУ. Земјата очекува позитивен исход од претстојните Самити на ЕК во март, мај и април, при што секоја поддршка во оваа насока од страна на Кралството Норвешка ќе биде добредојдено – истакна Османи.

Двајцата соговорници заеднички заклучија дека двете земји имаат одлична билатерална соработка во различни области и со зајакнато темпо ќе продолжат и понатаму да ги продлабочуваат добрите односи преку проекти од взаемен интерес во различни области. 
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.