ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи во Брисел на средба со Вархеи го претстави реформскиот план на Владата до следниот самит во март
13:04, среда, 18 декември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на својата работна посета на Брисел оствари средба со новиот Еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи.

За време на средбата стана збор за статусот на политиката на проширување на ЕУ, со посебен акцент на новата методологија, како и за статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.

„Најпрво честитки за новата функција, која се  надевам, во претстојниот период, во целост ќе ја оправда интенцијата на целата Комисија за повторно разгледување на можноста за одредување датум за старт на преговорите со Северна Македонија во текот на хрватското претседателство. Се надеваме дека процесот на реформа на методологијата нема да се одолговлечи, а уште помалку, дека ќе ја блокира иницијативата за брзо враќање на процесот на проширување назад на агендата на Унијата“, истакна Османи, потенцирајќи притоа дека сè што ќе го направи процесот на преговори подобро структуриран, поефикасен, пофер, посуштински и покредибилен е од интерес и за Северна Македонија.

Во продолжение Вицепремиерот Османи ја потенцираше подготвеноста на земјата за старт на преговорите, но истовремено и посветеноста и фокусираноста на Владата кон обврските и во престојниот период, при што, на Еврокомесарот Вархеи, Османи му ја претстави и реформската агенда на Владата за претстојниот период, а во пресрет на самитот на ЕУ во март следната година.

„По неуспехот на октомврискиот самит да се обезбеди одлука за старт на преговорите, кредибилитетот на ЕУ во целиот регион е сериозно нарушен, се надевам дека преку новите иницијативи ќе успееме да ја вратиме довербата не само во европските институции, туку воопшто и во процесот на европеизација на целиот регион“ истакна Османи.


Сподели ја содржината!
Новости
ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО КЛУЧЕН ФАКТОР ВО ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА
Се потпиша договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце
ОСМАНИ: ЗГОЛЕМЕНАТА БИЛАТЕРАЛНА ПОДДРШКА ОД СТРАНА НА НОРВЕШКА ПРЕТСТАВУВА ЗНАЧАЕН ИМПУЛС И ЗА НАПРЕДОК ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
ОСМАНИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЈА ПОТВРДАТ ДЕМОКРАТСКАТА И ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ НА ДРЖАВАВА
ОСМАНИ: РЕГИОНОТ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.