ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЛОЈАНЕ – МИРАТОВАЦ СТАНУВА СИМБОЛ ЗА НАПРЕДОК ВО РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА
12:49, петок, 29 ноември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Kоординатор на проектот- Граничен премин –Лојане – Миратовац, денеска оствари средба со делегација од Република Србија предводена од Државниот секретар при Министерството за внатрешни работи на Србија и Претседател на Комисијата за гранични премини на Србија, Милосав Миличковиќ.

Централна тема на денешната средба e утврдување на динамиката и активностите за создавање на новиот граничен премин меѓу Република Северна Македонија и Република Србија кај месностите Лојане и Миратовац соодветно.

„Реализацијата на проектот- Граничен премин -Миратовац-Лојане, не само што ќе придонесе за олеснување на транспортот, размената и севкупната комуникација, туку претставува и значајна политичка активност, во насока на реализација на политичките заложби нотирани и во Иницијативата за регионална соработка, со цел реализација на заложбите од т.н. Конективити агенда на Берлинскиот процес, а во насока на унапредување  на добрососедските односи како автентична европска вредност на двете земји“- истакна Османи. Во овој контекст тој посочи дека е во финална фаза обезбедувањето на првите 2,5 милиони евра донација од страна на Норвешката Влада во рамки на нордискиот проект УНОПС за реализацијата на овој проект.

За време на разговорот соговорниците заеднички се заложија за унапредување на оваа иницијатива на уште повисоко ниво, па наместо локален премин, како што беше порано предвидено, проектот Лојане – Миратовац да се имплементира како целосно меѓународен граничен премин, со што ќе претставува бенефит не само за граѓаните на пограничните општини, туку и за сите граѓани на двете земји преку забрзување и олеснување на меѓусебна комуникација.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.