ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими го презентираше придонесот на Република Македонија за евроинтегративниот процес пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија
14:40, вторник, 23 септември 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија, која е дел од агендата за информирање околу прогресот на земјата во евроинтеграцискиот процес.

На почетокот на средбата Вицепремиерот се заблагодари за поддршката за регионалниот евро-интегративен процес, која државите од Западен Балкан и Република Македонија ја добија на Берлинската Конференција, воедно го истакна и своето уверување дека и новиот состав на Европската Комисија ќе биде активен поддржувач на проширувањето на Европската Унија кон државите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Бесими на средбата со амбасадорите истакна дека евро-атлантските интеграции се клучен приоритет за Македонија и дека Владата и институциите вложуваат силни напори за понатамошно спроведување на реформите, се со цел приближување на земјата кон Европската Унија и НАТО. Во таа насока се осврна на реформите кои се спроведуваа и ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период , како и последните постигнувања во областа на судството, борбата против корупција и организиран криминал , слободата на изразување, изборната реформа, политичкиот дијалог, реформата на јавната администрација, меѓуетничките односи, добрососедските односи и регионалната соработка.

Бесими посочи дека очекува претстојниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата да биде објективен и соодветно да ги нотира сите спроведени реформи, но и да содржи препораки за областите во кои треба да се спроведат дополнителни реформи, кои ќе бидат основа за дефинирање на идните краткорочни приоритети во спроведувањето на реформите.

Пред амбасадорите на земјите членки Бесими истакна дека прогресот на Македонија во процесот на евроинтеграциите е од клучно значење за иднината на земјата , како и дека Македонија е спремна да премине во следната фаза, потенцирајќи ја подготвеноста за започнување на преговорите за пристапување.

Тој исто така информираше за клучните напори за реформите согласно Националната програма за усвојување на правото на ЕУ - НПАА, исполнувањето на приоритетните реформи предвидени со ПДВН и понатамошното остварување на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, потенцирајки дека реформите во Република Македонија не се спроведуваат само за започнување на преговорите, туку за подобрување на животниот стандард на граѓаните и особено дека истите би добиле значително на интензитет доколку Советот на ЕУ конечно донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија.

Вицепремиерот Бесими додаде дека е од многу битно значење и поддршката на земјите членки на Европската Унија за надминување на сите предизвици со кои се соочува Република Македонија во процесот на приклучување на нашата земја кон ЕУ.

Повикувајки се на позната поговорка Бесими на крајот на својата презентација истакна “ Европа не може да биде среќна ако Балканот не е среќен “, со цел потенцирање на значењето на процесот на проширување како за државите од Регионот, така и за самата Европска Унија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.