ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Во пресрет на Извештајот на Европската комисија Вицепремиерот Бесими во посета на Министерството за транспорт и врски во рамки на циклусот “ ЕУ-ИПА институционална координација“
12:45, понеделник, 22 септември 2014

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, со претставници од секторите задолжени за ИПА и евроинтеграции, оствари работна посета на Министерството за транспорт и врски каде се сретна со министерот Миле Јанакиески и претставници од ова министерство.

На средбата се разговараше за статусот на реализација на реформите во областа на транспортот со посебен акцент на Поглавјата 3.14 Транспортна политика и 3.21 Транс европски мрежи. Се дискутираше и за активностите предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА).

Разговори се водеа и за спроведувањето на Инструментот за предпристапна помош – ИПА, а кои се клучни за реализација на реформите во транспортот. Во рамки на тековната ИПА, за периодот од 2007 до 2013 година, на располагање за реализација на инфраструктурни проекти во доменот на транспорт и животна средина до 2017 година има околу 200 милиони евра од ИПА фондовите. Секторот транспорт располага со околу 110 милиони евра, за проекти наменети за патна и железничка инфраструктура, кои се во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Оперативната програма за ИПА 2 е подготвена во износ од 113 милиони евра, со што ќе продолжи поддршката од Европската Унија во доменот на транспортот.

Бесими истакна дека искористувањето на европските фондови за проектите од Министерството за транспорт и врски е значајно за подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија и за приближување на земјата кон Европската унија.

Серијата работни посети “ЕУ - ИПА Институционална Координација" на Вицепремиерот Бесими ќе продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.