ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Во пресрет на Извештајот на Европската комисија Вицепремиерот Бесими во посета на Министерството за образование и наука во рамки на циклусот “ ЕУ-ИПА институционална координација“
12:35, среда, 17 септември 2014

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, со претставници од секторите задолжени за ИПА и евроинтеграција, оствари работна посета на Министерството за образование и наука каде се сретна со министерот Абдилаќим Адеми и претставници од ова министерство.

На средбата се разговараше за степенот на подготовка на законски и подзаконски акти, со цел усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија во делот на науката, истражувањето , образованието и културата.

Дискутирана беше и реализацијата на активностите за донесување на Националната програма за виско образование и научно – истражувачка дејност 2014-2018, како и за усвојување на Стратегијата за претприемачко образование 2014-2020, со акцискиот план. Еднаковиот пристап до квалитетно образование со препораки за идна помош и развој беше исто така тема на разговор.

Разговори се водеа и за искористеноста на средства кои стојат на располагање преку Инструментот за предпристапна помош – ИПА, а кои се клучни за реализација на реформите во образованието. Вкупниот број на проектни предлози од ИПА Компонента IV – развој на човечки ресурси, се 14 проекти за периодот 2007-2013 во износ од околу 55 милиони евра од кои што за приоритетната оска за образование околу 20 милиони евра. Додека во рамките на Компонента 1 - ТАИБ, Министерството за образование и наука има склучено договори во износ од околу 2 милиони евра.

Разгледани беа и начини за зголемување на видливоста на програмите на Унијата достапни за Република Македонија како: Хоризонт 2020, Еразмус плус и Европа за граѓаните, каде корисници во зависност од програмите може да бидат универзитети, научници, приватниот сектор, граѓанскиот сектор и друѓи.

Бесими истакна дека искористувањето на европските фондови за проектите од Министерството за образование и наука е значајно за подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија и за приближување на земјата кон Европската унија.

Серијата работни посети “ЕУ - ИПА Институционална Координација" на Вицепремиерот Бесими ќе продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.