ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
16:30, понеделник, 21 октомври 2019

Денеска во Секретаријатот за европски прашања се одржа билатерална средба меѓу Делегација на амбасадата на Кралството Шведска и претставници на Шведската агенција за развоја помош (СИДА), и претставниц на СЕП. Делегацијата на Шведска ја предводеа амбасадорката Кристин Форсгерн Бенгстон и Каролина Венерхолм, директорка на Одделот за Западен Балкан, Турција и Латинска Америка, додека тимот од СЕП беше предводен од Драган Тилев, државен советник и координатор за процесот на европска интеграција.

За време на средбата соговорниците потенцираа дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво, а Шведска е меѓу најголемите поддржувачи на интеграцијата на земјата во ЕУ и на политиката на проширување.  Во тој контекст, Тилев посочи на важноста земјата да добие датум за почеток на преговори и да започне со следната фаза на билатерален скрининг, со што ќе се обезбеди поголем фокус на спроведувањето на реформите.

Од аспект на билатералната помош, се истакна дека Шведска е еден од најзначајните билатерални донатори во Република Северна Македонија. Беше изразено задоволство од фактот што Северна Македонија се враќа на листата на приоритетни земји кон кои е насочена развојната помош при што се потенцираше важноста на поддршката за формирањето на преговарачките структури и ЕУ реформите која дојде во круцијален момент за земјата.

Директорката Венерхолм информираше дека земјата ќе остане меѓу приоритетите и во наредната Стратегија за развојна  помош кој ќе биде долгорочен документ за  период од 5 до седум години, а фокусот на поддршката ќе се насочи кон следните области: демократија и владеење на право, пазарна економија, животна средина и родов аспект како хоризонтално прашање. Стратегијата се очекува да се усвои во 2020, а со имплементација да започне во 2021 година.

 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ОСМАНИ: УСПЕШНАТА АПСОРПЦИЈА НА ИПА СРЕДСТВАТА ПРЕТСТАВУВА ОСНОВЕН ДВИГАТЕЛ НА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.