ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Одржани три информативни сесии за повикот за доделување на грантови за граѓански организации и медиуми за проекти за ЕУ
10:13, понеделник, 30 септември 2019

Преку три информативни сесии одржани во Тетово, Битола и Скопје, јавниот повик за доделување на грантови за граѓански организации и медиуми во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија беше директно претставен пред околу 120 заинтересирани претставници на граѓански организации и медиуми. Претставници на проектот и на Секретаријатот за европски прашања ги презентираа приоритетите и критериумите за поднесување на апликации за проекти на граѓански организации и медиуми со цел да се поттикне нивното активно учество и вклученост во процесот на пристапување во ЕУ. 

Јавниот повик има за цел да помогне во зголемување на инцијативите на граѓанските организации и медиумите да ги следат, да се залагаат и да учествуваат во активностите кои се поврзани со спроведување на клучни реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, обезбедување на добра законодавна рамка и развој на одржливи политики кои ќе бидат од корист на граѓаните.

Регистрираните граѓански организации и медиуми имаат можност да аплицираат за грантови до $40,000 во рамките на делот на повикот кој е наменет за поддршка на граѓански организации и грантови до $95,000 во рамките на делот кој е наменет за поддршка на медиуми. Предлог проектите треба да бидат со период на имплементација од осум до дванаесет месеци и да се достават до 30 октомври. Деталните критериуми и потребната документација за пријавување може да се најдат на веб страната на проектот nordiskapoddrska.org.mk
Сподели ја содржината!
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
ОСМАНИ: СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ КОЈ ГО НОСАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ- МОЖЕ ДА ЗАПОЧНАТ ВЕДНАШ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.