Новости
четврток, 19 септември 2019 14:44
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на
неговата турнеја по европските метрополи
престојува во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со
германскиот
државен Министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот.
На средбата, Османи и Рот разговараа за
темите поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија, со
фокус на поддршката од страна на Владата на Сојузна Република Германија за
одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа
на седница на 26. Септември.
„Од г. Рот добив цврсто уверување дека тие
како Влада ќе застанат цврсто во барањето од Бундерстагот да даде зелено светло
за Северна Македонија, кој на оваа тема ќе расправа за една недела,“ истакна
Османи. „ Сметам дека се движиме во вистинска насока, поддршката од Германија
ни е апсолутно клучна, и очекувам дека сите овие напори ќе резултираат со
одлука во октомври за старт на преговорите,“ посочи Вицепремиерот Османи.
Од Берлин, Османи директно патува за Варшава, каде ќе остари средби со Државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со Министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович. Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.