Новости
понеделник, 16 септември 2019 10:22
„Одлуката
за старт не преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето
со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го
отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите“, истакна Османи,
пренесувајќи благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ
ја обезбедува на Република Северна Македонија. „Како дел од регионот, но и како
дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат
континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на
целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот“ -
истакна Османи.
Османи е
во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, Високата претставничка на Европската Унија за
надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската
Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на
преговорите. Во агендата на Османи е и средбата со Директорката за Западен
Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во
Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.
Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Вицепремиерот Османи
за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин
и Варшава кон крајот на неделата.