ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Во пресрет на Извештајот на Европската комисија Вицепремиерот Бесими во посета на Министерството за труд и социјална политика во рамки на циклусот “ ЕУ-ИПА институционална координација“
14:07, понеделник, 15 септември 2014

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, во придружба на секторите задолжени за ИПА и евроинтеграциии, оствари работна посета на Министерството за труд и социјална политика каде се сретна со министерот Диме Спасов и неговите соработници.

На средбата се разговараше за статусот на реализација на реформите во областа на социјалната политика, со посебен акцент на Поглавјата Слободно движење на работници и Социјална политика и вработување. Областите кои ги покрива Министерството се разгледуваат на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика како и на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност. Се дискутираше и за активностите предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА).

На средбата се разговараше и за степенот на искорист на средства кои стојат на располагање преку Инструментот за предпристапна помош – ИПА, а кои се клучни за реализација на реформите во социјалната политика и вработувањето. Во рамки на ИПА 1 во период од 2007 до 2013 година подготвени се 25 проекти од Компонента 4, и 5 проекти од Компонента 1, или вкупно 30, во износ од околу 43 милиони евра .

Беше дискутирано и за спроведувањето на тековните проекти: модернизација и подобрување на услугите од страна на Агенцијата за вработување (преку директен грант), како и имплементација на нови и подобрени активни политики и мерки, поддршка на имплементацијата на Стратегијата за вработување, модернизирање на системот на образование и обука и поттикнување на процесот на социјално вклучување на ранливите категории на население (невработени и млади, претставници на заедниците, жени, постари лица).

Бесими истакна дека искористувањето на европските фондови за проектите од Министерството за труд и социјална политика е значајно за подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија и за приближување на земјата кон Европската унија, преку вложување во социо-економскиот развој како и усогласување на законодавството со ЕУ.

Серијата работни посети “ЕУ - ИПА Институционална Координација" на Вицепремиерот Бесими ќе продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

 

 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.