ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Во пресрет на Извештајот на Европската комисија Вицепремиерот Бесими во посета на Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на циклусот “ ЕУ-ИПА институционална координација“
15:23, четврток, 11 септември 2014

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, во придружба на секторите задолжени за ИПА и евроинтеграциии, оствари работна посета на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се сретна со министерот Нурхан Изаири и неговите соработници.

На средбата се разговараше за статусот на реализација на активностите во областа на животната средина, предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА). Беше истакнато дека е забележан напредок во усогласувањето на националното законодавство со правото на Европската Унија, а воедно беа споменати и предизвиците во насока на активно имплементирање на политиката за животна средина во Република Македонија.

Вицепремиерот Бесими потенцираше дека во поглавјето животна средина, Република Македонија е лидер во регионот и е особено важно земјата и во иднина да ги споделува своите искуства со останатите земји кандидатки.

Беше разгледано и спроведувањето на Инструментот за предпристапна помош – ИПА, што е од особено значење за реализација на реформите во животната средина. Во рамки на тековната ИПА, во компонентите за јакнење на институциите и регионалениот развој, за период од 2007 до 2013 година, подготвени се вкупно 45 проекти во секторот животна средина, во висина од околу 115 милиони евра. Проектите се наменети за изградба на инфраструктура за води, отпад како и за зајакнување на институционалните капацитети, согласно европските стандарди.

Серијата работни посети “ЕУ - ИПА Институционална Координација" на Вицепремиерот Бесими ќе продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.