ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими во Брисел: Започнувањето на преговорите со ЕУ ќе ги забрза реформите и зајакне кредибилитетот на институциите

 Денеска, 15 јуни 2014 година, на неговата посета во Брисел, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари средба со директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија г-ѓа Александра Кас Грање.

На состанокот се разговараше за последните политички случувања во земјата, како и за следните чекори на новата Влада. Вицепремиерот Бесими потенцираше дека Европската интеграција останува врвен приоритет.

На состанокот се разговараше и за програмирањето на ИПА 2014/2020, концептот, методологијата и нејзините структури како и за плановите за нејзино спроведување во наредните години.

По состанокот, Вицепремиерот Бесими пред претставниците на Европската комисија ја презентираше ревидираната Национална програма за усвојување на правото на Европската унија за 2014 (НПАА).

Тој информираше за клучните напори за реформите и краткорочните приоритети, целите на НПАА ревизијата за 2014 година како и за процесот на планирање на НПАА, нејзината имплементација и следните чекори во процесот како што се натамошното усогласување на законодавството, дистрибуција на финансиските и човечките ресурси и употребата на ИПА финансиските средства.

Бесими истакна дека Владата на Република Македонија врши редовно следење на спроведувањето на реформите во приоритетните области утврдени со Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН-HLAD) како што се меѓуетничкиот дијалог, слободата на изразување, владеењето на правото, судството, корупцијата и изборните реформи, реформата на јавната администрација и економски критериуми, како и добрососедските односи во рамките на платформата за продолжување на ПДВН процесот.

Вицепремиерот нагласи дека НПАА 2014 има за цел да ги адресира препораките на Стратегијата за Проширување 2013/2014 и Извештајот за Напредокот на Република Македонија, исполнување на приоритетните реформи предвидени со ПДВН, понатамошно остварување на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, како и продолжување со усогласувањето на националното законодавство со тоа на Европската Унија.

“Реформите во Република Македонија не се спроведуваат само за започнување на преговорите, туку за подобрување на животниот стандард на граѓаните и особено дека истите би добиле значително на интензитет доколку Советот на ЕУ конечно донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија“ – истакна Бесими на презентацијата на НПАА.

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања денес во Брисел ќе има настап и во Центарот за Студии на Европските Политики (CEPS), а вчера се сретна со извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи г-дин Пјер Вимонт и со директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, г-дин Фернандо Џентилини.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.