ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими во Република Албанија: Зајакнувањето на соработката со цел побрза интеграција на регионот во ЕУ
14:07, четврток, 26 јуни 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес ја посети Република Албанија. При посетата вицепремиерот Бесими се сретна со министерот за европска интеграција г-ѓа Клајда Ѓоша и министерот за надворешни работи г-дин Дитмир Бушати.

Ова е прва официјална посета на Заменик Претседателот на Владата г-дин Фатмир Бесими од именувањето на новата влада во Република Македонија.

Вицепремиерот Бесими им честита на министрите од Република Албанија за добивањето статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, каде што истакна дека тоа е добра вест не само за Република Албанија туку и за целиот регион. Воедно тој нагласи дека соработката меѓу двете земји не само што ќе продолжи туку и ќе се зајакне врз основа на заемниот интерес на двете земји за членство во Европската унија.

“Доделувањето на кандидатскиот статус на Република Албанија покажа дека Европа останува и натаму заинтересирана за нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан” потенцира вицепремиерот Бесими на неговата изјава на заедничката прес конференција со Миинистерот за надворепни работи г-дин Дитмир Бушати.

Министерот за европска интеграција г-ѓа Клајда Ѓоша подвлече дека “една од препораките која Албанија ги доби на последниот министерски состанок е интензивирање на регионалната соработка” а во таа насока соговорниците разговараа за можности за продлабочување на истата.

На состанокот вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на регионалните иницијативи за соработка меѓу земјите на регионот кои ќе придонесат за процесот на интеграција во Европската Унија исто така и за подобрување на стандардот на живеење на граѓаните.

Се разговараше и за билатералната соработка во доменот на ИПА фондовите во аспект на абсорбција и реализација на заеднички проекти. Во периодот 2007-2013 во програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија се потпишани договори во изност од 6.2 милиони евра, и од вкупно три повици за проекти се потпишани договори за 41 проекти во вредност од 3.47 милиони евра. Соработката во областа на фондовите на Европската Унија ќе продолжи и во периодот 2014-202.
Вицепремиерот Бесими на министерката Ѓоша и понуди поддршка и искуство коja Република Македонија ја има во децентрализираниот систем на имплементирање и контрактирање на проектите.

Во оваа насока се договорија за формирање на работни групи за размена на искуства.
Двете земји досега имаат успешна соработка во различни области, како што се: Сообраќајната политика, административна соработка и заемна помош, полициска соработка и борба против организираниот криминал, соработка во областа на образованието и науката, соработка во областа на животната средина, царинска соработка и др. Како успешни заеднички проекти меѓу Македонија и Албанија се спомнаа желечничката делница Кичево-Лин која се финансира од ИПА средствата и далеководот Битола-Елбасан преку Инвестиционната Рамка за Западниот Балкан (WBIF).

На крајот Вицепремиерот Бесими на министрите им упати покана за поскорешна посета на Република Македонија за започнување со поконкретна билатерална соработка во насока на размена на искуства и капацитети на неколку области како што се областа на евоинтеграцијата и ИПА фондовите, формирање и средби на работни групи на техничко ниво, воспоставување на практика на регионална соработка со заеднички регионални иницијативи како и формализирање на оваа соработка со потпишување на Меморандум за Соработка.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.