ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими: Важно е Европското Проширување на Западен Балкан да биде на агендата на следниот претседавач со Европска Унија
12:01, петок, 13 јуни 2014

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска оствари средба со заменик министерот за надворешни работи на Република Италија г-дин Бенедето Дела Ведова.

беше истакнато дека политиката на проширување е еден од врвните приоритети на Република Италија и дека сериозно ќе се ангажираат за поддршка на земјите од Западен Балкан за побрзо членство во ЕУ.

Тој додаде дека ќе ја подржуваат нашата земја во нејзините напори за надминување на отворените прашања и во заложбите на Владата на Република Македонија за започнување на преговорите за членство со ЕУ.

Бесими ја поздрави нивната спремност за поддршка во текот на нивното претседавање со ЕУ за приклучување на Западниот Балкан во ЕУ и додаде дека Европската унија е главен стратешки приоритет за Република Македонија и дека нашата земја силно е посветена кон спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во Унијата.

Двајцата соговорници исто така разговараа и за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји како на економски така и на културен план преку интензивирање на економската соработка и преку размена на културните практики на двете земји. Дополнително, беше истакнато дека соработката може да продолжи и во однос на јакнење на капацитетите на македонската администрација во делот на владеење на право, јавните набавки, земјоделство и рурален развој, енергетика, јавното здравје, финансиската контрола итн.

Вицепремиерот Бесими на крајот на средбата уште еднаш им посака успешно претседавање со Унијата и успешна реализација зацртаните цели.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.