ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Потпишување на Меморандум за Разбирање и започнување на програмата “Идни партнери во ЕУ”
15:31, среда, 04 јуни 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е. Јозеф Бенце, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за конзистентна помош од страна на Унгарија наменета за поддршка на евроинтегративните процеси на Македонија.

Со овој Меморандум Секретаријатот за европски прашања и Република Унгарија ќе учествуваат во заедничката програма наречена „Идни партнери во ЕУ“ која предвидува специјални обуки со цел зајакнување на истражувачките и аналитички капацитети на вработените во државните институции во Република Македонија.

Целта е да се создадат капацитети за вршење на оддржливи анализи и истражувања кои ќе произлезат од Секретаријатот за европски прашања, а ќе бидат искористени од страна на Владата и владините институции.

Оваа подршка го прикажува интересот на Унгарија да ги подржи нашите интеграциски напори и е во линија за приоритетите на нивното претседавање со Вишеградската Група 2014 за промовирање на Европската интеграција на земјите на Западен Балкан и да им помага во нивните подготовки за членсто во ЕУ- изјави Бесими во неговото обраќање.

Вицепремиерот Бесими осврнувајќи се на пријателските односи меѓу двете земји, ја поздрави иницијативата за проектот „Идни партнери во ЕУ“ и додаде дека ова е една од многуте поддршки што Македонија ги добива од земји членки на ЕУ. Бесими додаде дека ваквите обуки ќе придонесат кон зајакнување на кадровските капацитети на Секретаријатот за европски прашања како и на други институции во земјата, а исто така ќе имаат позитивно влијание во реализацијата на реформите наведени во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.

Унгарскиот амбасадор во Македонија Н.Е. г-дин Јозеф Бенце, во своето обраќање нагласи дека за постигнување на успех, секогаш треба да се работи во партнерство и дека реализацијата на оваа програма претставува дел од нивните напори за приближување на Европа кон Македонија.

Вицепремиерот Бесими и амбасадорот Бенце им се заблагодарија на сите учесници во заедничката програма на проектот, а воедно им посакаа успех во зацртаните цели.

Во реализација на овој проект исто така се вклучени и Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Националниот демократски институт за меѓународни работи (NDI).

 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.