ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Проект од СР Германија за поддршка на Секретаријатот за Европски прашања
09:31, петок, 22 февруари 2013

Денеска во Владата на Република Македонија Заменик Претседател на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари средба со Н.Е. д-р. Гидо Вестервеле министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Вицепремиерот на Република Македонија д-р Фатмир Бесими и Министерот за Надворешни работи на СР Германија Н.Е. д-р. Гидо Вестервеле, разговараа за напредокот на Евро-интеграциите како и за актуелната политичка ситуација во Република Македонија. За време на средбата соговорниците се осврнаа на активностите кои ги презема Владата на Република Македонија во насока на спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во Европската унија. При тоа посебен акцент се стави на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво, со цел да се задржи динамиката во реализацијата на предвидените мерки.

На средбата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи на СР Германија беше потенциран фактот дека декемвриските заклучоци на Советот се солидна можност за забрзување на реформите.

Имајќи ги предвид овие заклучоци со цел што поскоро отварање на преговорите за членство на Република Македонија, во пресрет на пролетниот Извештај на Комисијата, вицепремиерот Бесими нагласи дека фокусот на Владата ќе биде насочен кон приоритетните области во исполнување на обврските преземени во рамки на Пристапниот дијалог и извештајот за добрососедските односи.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија за европски прашања информираше дека е подготвен преглед за постигнатиот степен за исполнување на предвидените мерки во клучните пет реформски области: слобода на изразување (медиуми), владеење на правото, јавна администрација, меѓуетнички дијалог и изборните реформи и истиот е доставен до службите на Европската комисија.

Иницијативите за добрососедство се стратешка цел на Владата и во текот на овој период се работи интензивно и конструктивно кон унапредување на соработката и меѓусебната доверба нагласи Бесими.

На разговорите стана збор европските интгерации на Република Македонија во ЕУ, фокусирајќи се на реализација на потпишаната Спогодба меѓу двете Влади за техничка соработка преку правна рамка за спроведување на два проекти поврзани со евроинтеграцијата: „Поддршка на Секретаријатот за европски прашања“ и „Поддршка на регионалниот и локалниот економски развој“.

На крајот, се потенцира значењето за Република Македонија во овој период да се покаже напредок кон започнувањето на преговорите со Европска Унија и потребата сите релевантни фактори во државата да придонесат кон овој процес преку дијалог да се надминат сите предизвици.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.