ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Говори
Говор на Заменик Претседателот задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, на потпишувањето на финансиската спогодба помеѓу Владата на РМ и Европска Комисија, Скопје, 26.11.2013
13:22, сабота, 26 октомври 2013

Почитувани присутни,

На почетокот дозволете ми да ја истакнам мојата длабока благодарност до Европската унија за континуираната подршка која ни ја даваат во нашите напори за полноправно зачленување во истата...

Помошта од Евроската унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош во континуитет ги поддржува земјите-корисници вклучувајки ја и Република Македонија во напорите за:

 зајакнување на демократските институции и владеењето на правото
 реформа на јавната администрација
 спроведување економски реформи
 почитување на човековите права и правата на малцинствата
 промовирање на еднаквост на половите
 поддршка на развојот на граѓанското општество
 унапредување на регионалната соработка, помирување и обнова
 поддршка за одржливиот развој и намалување на сиромаштијата.

Дополнително, помошта од Европската унија кон Македонија како земја-кандидат се насочува и кон:

 донесување и спроведување на целокупното законодавство на Унијата
 подготовка за спроведување на земјоделската политика
 подготовка за спроведување на кохезивната политика


Предмет на денешниот настан е потпишувањето на две битни Спогодби:

1. Спогодбата за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за Националната програма за Компонентата за помош во транзиција и институционална надградба за 2012 година во рамките на Инструментот за претпристапна помош

2. Спогодбата за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за 2012 програмска година, конкретно за Програмата за прекугранична соработка со Република Грција


1. Досега, во рамките на Компонентата за помош во транзиција и институционална надградба се потпишани вкупно 5 спогодби за финансирање, за годините 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011, во вкупен износ од околу 188 милиони евра.

Со потпишувањето на Спогодбата за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за Националната програма за Компонентата за помош во транзиција и институционална надградба за 2012 година оваа сума ќе се зголеми за дополнителни 28 милиони евра, наменети за поддршка на активности во секторите:


• јавна администрација
• правда, внатрешни работи и основни права
• развој на приватен сектор
• земјоделство и рурален развој
• животна средина и климатски промени

Изборот на секторите беше утврден во заемна координација меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија, на основа на приоритетите на Повеќе-годишниот индикативен документ за планирање (МИПД) 2011-2013 за Република Македонија

Она што е важно да се забележи е дека оваа Национална програма е програмирана и одобрена на двегодишна осонова, опфаќајќи ги годините 2012 и 2013. Сепак, нејзиното спроведување ќе се реализира преку потпишување на 2 посебни спогодби за финансирање, со јасно разграничување на договорите што се предмет на финансирање со секоја од посебните спогодби.


2. Во поглед на Потпишувањето на Спогодбата за финансирање за 2012 програмска година, конкретно за СВС Програмите со Грција, дозволете ми да ги наведам следните податоци:

• Како резултат на потпишувањето на оваа спогодба за Република Македонија во 2012 програмска година достапни се најмногу 1,555,773.оо евра (95,932,853 ден.) од Европската комисија за спроведување на оваа Програма (ИПА средства).

• Националното кофинансирање за оваа програма треба да изнесува 274,548.00 евра (16,929,316.00 денари). Вкупните средства – ИПА средствата и националното кофинансирање - изнесуваат 1,830,321.00 евра (112,641,615.00 денари), од кои најмногу 10% (183,032.10 евра) може да се искористат за Техничка помош за учеството на Република Македонија во оваа СВС програма .

• Досега, од ИПА СВС Програмата со Грција, од достапните Алокации во претходно потпишаните пет СзФ (за 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 програмска година), индикативно се апсорбирани вкупно околу 13,7 мил.Евра (заедно со дел од актуелната СзФ за 2012 прог.година), од кои околу 7,2 мил. евра се сметаат за апсорбирани од страната на Република Македонија, и тоа во рамките на досега објавените Четири Повици за проектни предлози.

• Програмата се спроведува со одлично темпо, и забележителен е релативно висок квалитет на Проектите избрани за финансирање.

• Досега се склучени Договори за грантирање со 38 Проекти (во Првиот и Вториот ПзПП), додека во тек е фазата на склучување Договори за Проектите избрани во Третиот ПзПП, кој траеше од 23 февруари до 23 август 2013 година.

 

 

Сподели ја содржината!
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Биографија
Интервјуа
Говори
Галерии
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.