ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Говори
Говор на Заменик Претседателот задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, нарегионалната конференција "Парламентарен надзор на ИПА фондови ", Скопје, 12.10.2013
13:08, сабота, 12 октомври 2013

 Ви благодарам за поканата и за можноста да се презентира ИПА пред Мрежата на Парламентарните комисии за економија, финансии и европска интеграцијана земјите од Западен Балкан.

Република Македонија направи и сеуште прави значаен напредок на планот на користење на ИПА, паралелно со интензивирање на реформската агенда и успешното водење на Пристапниот дијалог на високо ниво.

Досега се направени вонсериски напори во формирање на функционална и оперативна структура за децентрализирано управување со ЕУ средства (која брои околу 350 државни службеници), која успешно е акредитирана (4 акредитации за 5 ИПА компоненти).

Се работи за релативно млада администрација која работеше и работи на подготовка на бројни процедури во согласност со националното законодавство, ЕУ регулативите, но и истовремено работи на реализација на програми односно проекти.

Паралелни напори се вложени во зголемување на процентот на искористеност на достапните ИПА средства. И покрај бројните и долги ЕУ процедури и почетните проблеми на градење на реално искуство, сепак може да се констатира еден редовен имплементациски тек на програмите во рамките на сите ИПА компоненти.

Дозволете ми да укажам дека успешното користење на ИПА фондовите во многу зависи од политичката поддршка и контрола на квалитетот на сите проекти/програми (на ниво на министри и државни секретари). Тоа го реализиравме преку одржување на редовни состаноци на оперативно ниво во присуство на министрите.

За вас сигурно ќе биде интересно дека:

Во рамки на Компонента 1 – Помош во транзиција и институционален развој, стапката на успешност во спроведување на проектите е 46%: опфаќа поддршка на клучните проекти на Владата на РМ во областа на судството, администрацијата, правната рамка за инвестиции, медиумите, невладиниот сектор.

Во делот на прекуграничната соработка, се зголемува бројот на реализирани односно успешно одобрени апликации од општините и невладиниот сектор кој сега изнесува 148 проекти, со Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Транснационалната програма. Со степен на потпишани договори од 65%
Во делот на активностите за регионален развој, вкупниот процент на склучени договори е 51,14% или 65,7 милиони евра. Во тек е изградбата на Коридорот X, што е подготвуван неколку години наназад и за кој вкупниот обем на инвестиции достигна над 210 милиони евра.

Кон овој проект, треба да се споменат и Проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води во Прилеп, како и проекти во делот на модернизација на железницата (на пример Железничката станица во Скопје, проекти за забрзување на максималната брзина на возовите, за сигнализација на пругите итн), подготвка на тендерска документација за изградба на други пречитителни станици (Струмица, Радовиш, Кичево, Битола, Тетово, Кавадарци, Дебар, Гостивар, Скопје итн), како и проекти за третман на цврст отпад.

Компонентата од ИПА развој на човечки ресурси, се спроведуваат 20 проекти досега финансирани во вкупен износ 16 милини евра. Инаку, сакам само да напоменам дека средствата од оваа програма се користат за решавање на горливите прашања на невработеноста, недекларираната вработеност, проценки и проекции за овие две категории, реформи на образовниот систем особено во делот на средното стручно образование, образованието за возрасни, образование според потребите на деловниот сектор, социјалната инклузија и сл.

Конечно, но не и последно по значење, ќе го споменам и напредокот во искористувањето на програмата за рурален развој. На овој план реализирани се повеќе повици за проекти, а досега одобрени се 167 апликации од земјоделци, земјоделски фирми и претпријатија од прехрамбената индустрија, во вкупен износ од 7,8 милиони евра.

Зборувајќи го ова, сакам истотака да напоменам дека посебна грижа, во овој период, посветуваме на подготовка и едукација на повеќе групи на потенцијални корисници на ИПА. Конкретно Центарот за обуки, што функционира во рамки на Секретаријатот за европски прашања, континуирано функционира и обезбедува поддршка на овој план.

Овде би сакал да укажам на можните начини на кои Парламентот може да помогне во подоброто искористување на ИПА и останатите средства од ЕУ помош:
- При донесување на законите од особено значење во текот на расправата во комисиите и пленарните сесии да се бара толкување од Владата за влијанието на новите законски решенија врз ефикасното и ефективното спроведување на ЕУ помошта. .
- Да се поставуваат прашања до Владата колку средства се издвојуваат за подобра екипираност на Националните ИПА структури, како и обемот на обезбедени средства за национално кофинансирање.

Потреба од редовна и парнерска соработка со институциите на Европската унија. На пример во Европскиот парламент одвреме навреме речиси на редовна основа во последно време се разговара за успешноста на ЕУ помошта

Како Национален ИПА Координатор, очекувам ваквата сорaботка и резултати да продолжат во наредниот период.

Ви посакувам успешна работа

Благодарам

Сподели ја содржината!
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Биографија
Интервјуа
Говори
Галерии
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.