Говори
вторник, 27 мај 2014 12:58
Почитуван Ваша екселенцијо Амбасадоре на ЕУ во Република Македонија,
Почитувана Ваша екселенцијо Амбасадоре на УНИЦЕФ во Република Македонија
Почитувани претставници на Националниот Младински Совет на МакедонијаДраги млади пријатели,
Со особено задоволство ја прифатив поканата да се обратам на денешниот свечен ден значаен за младите, но и граѓанското живеење во земјава.
Во 1999 година од страна на Обединетите Нации овој ден е одвоен и прогласен како ден кога им се одава признание на над 2 милијарди млади луѓе ширум светот на возраст од 10-24 години. Кај нас се одбележува веќе 14 години.
Пред да дојдам овде бев во дилема дали говорот да го отпочнам со реално отсликување на состојбите или со свечени елементи за денешниот ден.
Се одлучив да првата варијанта. Младите денес се соочуваат со најразлични проблеми, а се почесто истите ги решаават со чашка алкохол, дрога и насилство, а мошне ретко се мета и искористени се од најразлични групи најчесто политички, а на тоа се додава злоупотребата за омраза и нетолеранција, етнички поделби, опаѓање на моралните вредности и агресивност.
Иако сочинуваат една четвртина од светската работна сила најголем број млади
луѓе се соочуваат со невработеноста.
Почитувани,
Семејството како клучен фактор во оформување на личноста игра мала улога во нивниот живот иако треба да е обратно. Родителите во трката за финасиски средства ја запоставуваат својата улога што се одразува многу и во животот на младите.
Сепак реално гледано младата популација е талентирана надарена и енергична со многу потенцијал и идеи, но сепак треба да се организира поквалитетно слободното време на младите кое е многу значајно во градењето на културата на нивната култура.
Денес целиот свет го празнува 12 август како светски ден на младите со цел што поактивно да се вклучат во сите домени од општествениот живот и решавање на нивните проблеми како би обезбедиле подобар статус во општеството.
Почитувани Дами и Господа,
Младата популација во Македонија е водечката сила во нашето општество и таа е нашата иднина.
Јас верувам во потенцијалот на младите во Македонија и сакам да тоа го користиме најдобро што можеме, за таа цел Секретаријатот за Европски Прашања има политика на отворена врата за младинските иницијативи.
Почитувани млади,
Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт и другите Сектори и Министерства отварува бројни активности кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето нa улогата нa младите вo развојот нa Република Македонија, како позитивна движечка сила и промотор нa новите вредности нa општеството и државата, придржувајќи се до Националната стратегија за млади која ги дефинира следните приоритети за дејствување на државните институции и младински здруженија на граѓани:
социјален развој и социјална интеграција на младите преку квалитетно формално и неформално образование;
економски развој на младите преку младинското претприемаштво;
подобрување на квалитетот на живеење на младите луѓе;
активно учество на младите луѓе во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки на национално и локално ниво.
Почитувани млади непосредни функции и задачи на Владата во политиката на младите се следните:
развивање нa активна обрзовна политика, која ќе содејствува нa потребите на младите, општеството и глобалниот социјален и техничко-технолошки развој;
промовирање еднакви можности зa образование и културно осознавање нa младите сo цел поттикнување нa нивниот личен развој и развој во заедницата;
признавање, подршка и развој нa неформалното образование и неговите носители;
воспоставување баланс и соработка помеѓу образованието и тренингот сo пазарот нa работна сила (понуда и побарувачка) и развојот на новите технологии;
интеграција на младите вo работниот процес, без оглед на социо-културно потекло;
воспоставување партнерство помеѓу државните органи и приватниот сектор во областа на вработувањето на младите луѓе;
подигање на нивото на квалитетот на живеење на младите луѓе преку користење на нивното слободно време во корисни и социо-едукативни активности и нивно формирање како одговорни и активни граѓани;
поттикнување на свеста на младите за семејните вредности и грижата и солидарноста во заедницата и општеството;
дистрибуција и пристап до информации и едукација на младите луѓе со цел заштита на нивното здравје;
координаран пристап кон државата и НВО секторот за заштитата нa младите и промоција на здрави животни стилови.
Дами и господа,
Драги пријатели,
Европската иднина на секоја како и на Република Македонија зависи од нејзината младост. Сепак, животот и шансите на многу млади луѓе се ранливи.
Младите луѓе се приоритет во визијата на Европската унија и кризата ја зајакнува потребата да се посветиме на младиот човечки капитал. Стратегија за иднината на младинската политика на Европската Унија создава поволни услови за младите луѓе да ги развијат своите вештини, да ги исполнат своите потенцијали, работат, активно учество во општеството и повеќе да се вклучени во развојот на проектот на ЕУ.
Преку интензивни консултации низ Европа, поспецифични предизвици се идентификувани како водечки на листата на грижи кон младите луѓе, во кој се вбројуваат: образованието, вработувањето, социјалната вклученост и здравјето.
Тешкотии во образованието, вработувањето, здравјето, дополнително со финансиските проблеми, домувањето или транспорт, ги попречуваат младите луѓе за остварување на нивна автономија, ситуација во која тие имаат ресурси и способност да управуваат со нивните животи и целосно да учествуваат во општеството и одлучуваат самостојно.
Почитувани млади сограѓани,
Според Европската Унија младинските политики треба да се насочат кон граѓанското и политичко учество, волонтерство, креативност, претприемништво, спорт и глобален ангажман.
ЕУ визија за младите луѓе треба да биде изразена преку јасна акција:
- Инвестирање во младите луѓе: обезбедување поголеми ресурси за развој во областите на политиката кои влијаат на младите луѓе во нивниот секојдневен живот и да се подобри нивната благосостојба.
-Воедно треба да се охрабруваат сите младите преку: промовирање на потенцијалот на младите луѓе да се придонесе за обнова на општеството и вредности и цели на ЕУ.
Неопоходна е потребата да се развива поголема соработка меѓу младинските политики и други области на политиката, како што се образованието, вработувањето, вклучување во општетствените случувања и здравјето.
Денес европејците живеат подолго и имаат деца подоцна и имаат помалку млади луѓе. Се очекува дека возрасната група од 15-29 години ќе претставуваат 15,3% од европското население во 2050 година. година, а сега се само 19,3%.
Овие демографски промени влијаат на семејствата, меѓугенерациска солидарност и економскиот раст.
Глобализацијата може да донесе раст и работни места, но тоа, исто така, може да доведе до конкретни предизвици за ранливите групи на работници, како што се младите луѓе, како што покажа во криза.
Климатските промени и енергетската безбедност бара корекција во однесувањето и начинот на живот на генерациите кои доаѓаат.
За среќа денес младите ценат пријателство, почитување, толеранција и солидарност, и оваа денешна генерација е можеби повеќето образована, технички напредна и повеќето мобилни од било кога. Сепак, како и остатокот од општеството, тие се соочуваат со поголеми индивидуализам и конкурентни притисоци, и не секогаш ја споделуваат истата можности.
Почитувани Дами и Господа,
На крајот уште еднаш сакам да ја потврдам поддршката на Секретаријатот за Европски Прашања за Националниот Младински Совет преку идна блиска соработка низ различни заеднички активности, во рамки на проект иницијативата на СЕП “Youth for Europe”.
Јас верувам во потенцијалот на младите во Македонија и сакам да тоа го користиме најдобро што можеме, за таа цел Секретаријатот за Европски Прашања има политика на отворена врата за младинските иницијативи.
Ви посакувам многу успех во Вашето идно работење и сметајте на нашата поддршка.
Ви благодарам.